24.1.2024, Скопје – По “Има љубов во нас”, проследуваме втор сингл од најновиот 4ти студиски албум во најава, со наслов „Ќе ме сакаш ли?“.
„Нашата ментална опсесивност да го загарантираме и она што е невозможно да се гарантира е поривот за оваа песна.
Љубовта се живее, не се планира, а најмалку се гарантира. Љуби, живеј!“, вели Дани.
„Ќе ме сакаш ли?“ е симпатичен приказ на човечката опсесивна потреба за сигурност, барањето гаранција од друг човек за вечна љубов.
Композитор и текстописец на песната е Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов.
Музичкиот спот за „Ќе ме сакаш ли” од денес е достапен на Јутјуб, а аудио записот и англската везија се поставени на сите музички платформи.
Режијата на спотот е на Марио Станковиќ, а Ени Вучидолова е асистент режисер. Спотот е во продукција на 2by4Digital.
Дани Димитровска е една од ретките женски рок артисти во нашата земја, доследна на својот звук веќе 25та година. Очекуваме концертно заокружување на 25ката, а дотогаш ви ги пренесуваме нејзините актуелни музички дејства.