Нокаут и Миа го објавија синглот „Месечевиот сјај“

„Месечевиот сјај“ е новиот сингл на Нокаут но овој пат во соработка со Миа Перевска. Песната „Месечевиот сјај“ е електропоп песна чии музички автор е фронтменот на Нокаут, Никола Перевски – Пере. Тој заедно со Миа Перевска се автори на аранжманот, а текстот е на Дуке Бојаџиев. Снимањето и миксањето на песната е направено од Пере. Како и за многу други песни на групата Нокаут така и за оваа, пост-продукцијата и мастерингот се дело на музичкиот продуцент Дарко Димитров.

И покрај тоа што музички автор на песната е Пере, може да се почуствува влијанието на Миа Перевска во песната и во тој сегмент. Иако таа е ко-автор на аранжманот и директно не учествува во создавањето на музичката компонента, може да се почуствува нејзиното музичко влијание што го носи во оваа песна како модерен и млад музички автор и музички продуцент.

Песната има модерен електропоп (електросинт) звук. Овој музички стил иницијално популаризиран во осумдесетите години на минатиот век (1980) има свој циклус на повторно популаризирање во доцните двеилјадити па понатаму во периот од 2008 до 2012 преку песните на светските суперѕвезди како Лејди Гага (Lady Gaga), Ријана (Rihanna), и Кети Пери (Katy Perry).

Во последните години овој музички стил станува интересен за повеќе македонски алтернативни и поп бендови и изведувачи, меѓу кои се вбројува и Нокаут и Миа Перевска со објавувањето на песната „Месечевиот сјај“.

До сега ја слушавте како пратечки вокал на нашите песни, а сега и во дует со нејзиниот татко, Пере.
Задоволство ни е да ја промовираме првата соработка помеѓу НОКАУТ и Mia Perevska, со најновиот сингл “Месечевиот сјај”.

објавика Нокаут на својот Фејсбук профил во објавата во која ја промовираа песната на социјалните мрежи.
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи