Атинска музичка недела 2024 започнува на 22 мај

Од 22 до 25 мај 2024 година ќе се одржи шестото издание на Athens Music Week (Атинска музичка недела). Настанот се одржува во Technopolis City of Athens и е еден од најголемите настани за музичката индустрија во регионот.

Веќе традиционално подготовките и најавата за фестивалот започнуваат со отворен повик за учесници во шоукејс програмата. Може да се пријават талентирани музичари и групи од Грција, но и однадвор. Учеството на фестивалот нема жанровски ограничувања. Изведувачите ќе можат да се претстават пред музички професионалци и експерти од целиот свет што би можело да им отвори „нови врати“ и да им помогне во нивната кариера.

Официјално пријавувањето за изведувачи заврши на 31 декември 2023 година, па сега продолжуваат подготовките за фестивалот.

Dysanatolia Vangelis Patsialos

Athens Music Week (AMW) е музички настан кој секоја година се одржува во Атина, Грција. Настанот ја промовира музичката индустрија и изведувачите во регионот. Претставува и платформа на која може да се сретнат и да се запознаат музичарите, професионалците во музичката индустрија и музичките ентузијасти. На настанот се вклучени различни активности кои се релевантни за сите. За публиката има концерти во живо и панел дискусии, а за професионалците можност за учество во работилници и за вмрежување со претставниците на музичката индустрија од регионот. Атинската музичка недела е во организација на Technopolis City of Athens и NPO MESO Music Events.

Вообичаено конференцијата во Атина се одржува во јуни, но оваа година настанот ќе се одржи порано.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи