Беневидес е пренесена дома на концертот на Тејлор Свифт

Девет дена по првиот концерт на „Eras Tour“ во Рио де Жанерио на 17 ноември 2023 и смртта на и 23-годишната обожавателка Ана Клара Беневидес, Тејлор Свифт (Taylor Swift) повторно настапи во Рио де Жанерио. Овој пат во публиката беше и семејството на починатата Беневидес. Поканата дојде директно од Тејлор Свифт која се сретна со семејството.

„Не можам да поверувам дека ги пишувам овие зборови. Со скршено срце велам дека вечерва, пред моето шоу, изгубивме обожавател. Не можам ни да ви кажам колку сум уништена од ова. Имам многу малку информации, но знам дека беше неверојатно убава и многу млада.

Нема да можам да зборувам за ова на сцена бидејќи се чувствувам обземена од тага дури и ако само се обидувам да зборувам за тоа. Сакам да кажам дека длабоко жалам за оваа загуба и моето срце е со нејзиното семејство и пријателите.

Кога решивме да ја донесеме турнејата во Бразил воопшто не мислевме дека ќе се случи нешто вакво.“

напиша Тејлор Свифт

Семејството на Беневидес која почина на концертот на Тејлор Свифт присуствуваше на настапот на Свифт во Рио и се сретнаа со пејачката. На концертот носеа маици со лицето на Ана Клара Беневидес и ја искористија можноста да изразат благодарност за поддршка од заедницата.

Рекорден топлотен индекс во Рио де Жанерио за време на концертите на Тејлор Свифт

Во Бразил сѐ уште е пролет, но опасен топлотен бран зафати делови од земјата. Индексот на жештина што е комбинација на температура и влажност достигна 58,5°C. Ова е најголема вредност забележана досега.

Ана Клара Беневидес беше жртва на овој топлотен бран кој го зафати Бразил, но и сомнежи за пропусти во организацијата на концертот на Тејлор Свифт во Рио. На обожавателката и се слошило за време на концертот. Со возило на итна помош била префрлена во блиската болница каде го загубила животот. Инцидентот поттикна преиспитување на безбедносните мерки и загриженост за опасностите за посетителите на концертот во жешкото време.

По трагичната смрт на Ана Беневидес, интервенираше и владата. Му наложи на организаторот на настанот – T4F да спроведе засилени безбедносни мерки за преостанатите концерти на Тејлор Свифт од „The Eras Tour“ во Бразил.

Околностите околу смртта на Беневидес доведоа до поширока истрага за T4F, компанијата одговорна за организирање на концертите на Тејлор Свифт во Бразил. Полиција на Рио де Жанеиро истражува потенцијални прекршувања поврзани со „криминалот опасен по животот или здравјето“. Наводите вклучуваат забрана за шишиња со вода на локациите и покрај екстремните температури, фактор што можеби придонел за трагедијата.

Како одговор на зголемените критики, T4F ја бранеше својата позиција. Од T4F тврдеа дека забраната за шишиња со вода е услов наметнат од јавните власти. Тие не се занимаваат со продажба на пијалоци и храна во рамките на концертите. Истрагата има за цел да разјасни дали обожавателите навистина биле спречени да донесат вода и дали имало невнимание при пружањето помош.

Свифтис донираа за помош на семејството Беневидес

Покрај трагедијата, семејството на Беневидес се соочи со предизвици и да го врати телото на починатата обожавателка во нејзината родна држава Мато Гросо до Сул. Свифтис (Swifties), како што се нарекуваат фановите на Тејлор Свифт започнаа колективно собирање средства за финансирање на трошоците за транспорт на Беневидес до својот дом. Заедно собраа значителна сума и успеаја да ја постигнат својата цел. Инцидентот покажа и недостатокот на поддршка од организаторите на настанот за олеснување на транспортот на починатата обожавателка.

Тејлор Свифт, видно погодена од загубата, ја изрази својата тага на социјалните мрежи, нагласувајќи го длабокото влијание што смртта на Беневидес го имаше врз неа и изразувајќи сочувство до семејството.

На концертите кои следеа Тејлор ја додаде песната „Bigger Than The Whole Sky“ (превод: Поголемо од целото небо). Дел од обожавателите ја протолкуваа оваа песна како збогување на Тејлор Свифт со починатата обожавателка Ана Беневидес.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи