Рандом испред кино културе

„Испред кина Културе“ е новиот сингл на црногорскиот рапер Рандом

Испред кина Културе“ (Ispred Kina Kulture) е новиот сингл на црногорскиот рапер Рандом. Новата песна е уште една најава, веќе трета, за албумот „Оригано“. Овој пат покрај тоа што синглот има одличен видео запис, дознавме и дека новиот албум излегува утре, среда – 29 ноември 2023.

Песната „Испред кина Културе“ на Рандом е креирана од Knowhere2run. Музичкото видео е направена од „SVL Films“ со реализација од „Beats Per Montenegro“.

Видеото е носталгично и треба да ги потсети обожавателите на едни минати времиња. За жал локацијата која се опева во песната Кино Култура во Подгорица, Црна Гора веќе не постои. Во музичкото видео се користени снимки и фотографии од приватната архива на Момир Матовиќ (Momira Matović) и инсерти од филмот „Jedan dan života“ преку кој се прави вистински прозорец во минатото и носталгично да ги потсети пред сѐ жителите на Подгорица на едно култно место кое веќе не постои.

„Кино Култура е култно кино, основано уште во 1949 година во срцето на главниот град – улица IV пролетерска број 1. Со децении е свратилиште на љубителите на филмот, дружењето и хуморот, служејќи како незаменлив магнет за сите генерации препуштени на вртлогот на поминатото време и нескршливиот цикотички дух. Пред Кино Култура е омаж и носталгично отворен прозорец во некогашната Подгорица во која фокус не е само киното кое е срушено во 2011 година туку и севкупните настани од периодот кој веќе го нема и кој засекогаш е истргнат од срцата и сеќавањата на граѓаните.“

Пред новиот сингл, Марко Лубарда (името на идентитетот зад изведувачот Рандом) ги претстави „Blue Dream Sativa“ и „Пробав“ (Изворно: Proba’)

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи