Српските изведувачи Војаж (Voyage) и Нучи (Nucci) ја објавија новата песна „Периферија“ на Јутуб каналот на Генерација Зед и постигнаа половина милион прегледи за само еден ден. Обожавателите на овие два артисти се воодушевени од песната „Периферија“, катапултирајќи ги Војаж и Нучи повторно во центарот на вниманието.
Социјалните медиуми горат со жестоки дискусии и споделувања, бидејќи најновата песна на ова дуо продолжува да ја плени публиката на балканско ниво. Тие изминативе неколку години напишаа историја со своите настапи и бројките кои ги имаат на своите песни.
Автори на музиката и тесктот во „Периферија“ се Михајло Веруовиќ (Војаж) и Игор Паниќ (Нучи). Битот на песната заедно со аудиомиксот и мастерингот се на Далмо (Dalmo).
Песната има одличен видео спот. Спотот е комбинација од кадри од нивните настапи во живо надополнети со одлични видео кадри на Марио Илиќ. Кадрите од концертите во живо го доловуваат енергичното сценско присуство на дуото. Тие се надополнети со брзи кадри во кои може да се сретнат спортски автомобили, одлични аутфити и по некој модел.