„1111“ е новиот албум на грчката трап ѕвезда Токел (Toquel)

Познатиот грчки трапер Toquel (се чита Токел) на 10 ноември 2023 го издаде својот нов албум насловен „1111“. Името на насловот доаѓа од датумот „11 ноември“ и посветен на мајка му која е родена на овој датум. Омотот на албумот е со фотографија на која неговата мајка како мало дете го држи во нејзините раце.

„1111“ на Токел доаѓа по најуспешниот негов албум до сега, албумот „Beverli Hills“ (Беверли Хилс) кој го издаде во 2022 година. Новиот албум има единаесет (11) песни, а неколку од нив се соработки. Песната „Ghetto“ (се чита: Гето) е соработка со FLY LO. Артистот Rack е гостин на песната „Fake Love“;  Со LILA соработуваат на „Allou“. Roran е гостин на „Ferma“. Уште пред да биде издаден албумот имаше два хита на кои соработуваше со Bloody Hawk. И двата сингла се дел од овој албум. Се работи за песните „G63“ и „Prosopika Freestyle“.

Албумот е продуциран од Beyond кој е продуцент на дел од најголемите хитови на грчката трап/рап сцена.

Предвесници на „1111“ од Токел: милионски прегледи за неколку месеци

Соработката со Bloody Hawk го донесе „G63“, првиот хит со кој беше и најавен четвртиот албум на Токел “1111”.  Песната првично требаше да биде работен наслов, но на крајот на двајцата им се допадна името и остана постојниот назив.

Официјално „G63“ е издадена како предвесник на албумот, на 13 октомври 2023 година. Сепак, на официјалното претставување на синглот му претходеше неофицијално протекување на синглот. Мал дел од стиховите кои ги пее Токел во јуни 2023 беа објавени на друштвената мрежа TikTok. Дури и овој мал потег беше доволен за TikTok видеото да стане вирално. Синглот веќе се здоби со „платинест“ статус и има над 5 милиони преслушувања/стримови на Спотифај (Spotify).

На албумот се наоѓа и синглот „Prosopika Freestyle“ кој беше издаден на 15 јуни 2023 година и веќе има околу 4 милиони преслушувања.

Албумот „1111“ од Токел е на прво место на Apple Music Top Albums листата во Кипар. Вообичаено во денешно време албумите се издаваат на сите дигитални платформи, а една од овие е и Спотифај.

За Токел (Toquel)

Токел (Toquel) чие вистинско име е Клаудио Деспо (Klaudjo Dhespo) е грчки рапер со албанско потекло. Роден е на 6 декември 1994 година во Тепелени, Албанија. На едногодишна возраст со мајка му се преселиле во Хераклион, Грција. Со музика професионално се занимава од 2011 година, Дел е од грчката издавачката куќа Minos EMI.

„1111“ е четврти студиски албум на Токел. Досега ги има издадено „Ligo Paparano“ во 2015 година, „777“ во 2019 година и „Beverly Hills“ во 2022 година. Два од овие албуми „777“ и „Beverli Hills“ се дел од комерцијално најуспешните албуми во грчката дискографија, пишува Postmelody.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи