Преслушајте го „Walking On Fire“ новиот сингл на Кесиди Парис

Младата гитаристка со македонско потекло Кесиди Парис (Cassidy Paris) точно според најавата, го објави новиот сингл „Walking On Fire“ (превод: Одење по оган; се чита: Волкинг он фаер). Пејачката и гитаристка на 2 ноември ја најави новата песна, а сега фановите може да уживаат во гласните звуци на гитарата.

„Одење по оган“ е најновиот сингл со кој Кесиди го најавува својот дебитантски албум. „Нова сензација“ (New Sensation) излегува на 8 декември за Frontiers Music srl. Во истиот период гитаристката ќе биде на турнеја Обединетото Кралство. Албумот излегува неколку дена по последниот концерт во Лондон.

Новиот сингл „Одење по оган“ од Кесиди Парис ќе се најде и на нејзиниот прв албум „New Sensation“. Таа веќе има издадено две EP-изданија но „New Sensation“ ќе иде незјиниот прв албум. Дел од песните на новиот албум биле претходно на двете EP-изданија, но верзиите на најавениот албум ќе бидат комплетно нови, снимени повторно на кои е правен поинаков аудиомикс и мастеринг. Очекувањата се овој албум да биде ново искуство и за оние што веќе ги слушнале старите верзии на песните.

„Да, има некои песни од ЕП, но сè е повторно снимено и ремиксирано и римастерирано. Значи, тоа е комбинација од нови песни и траки кои претходно ги објавив како „Like I Never Loved You“, што мислам дека е навистина силна песна и требаше да биде таму. Чувствувам дека ќе направев лоша услуга на Пол, на себе и на фановите доколку таа песна не беше на албумот, особено затоа што моите EP-а сега се навистина распродадени. Мислам дека Обединетото Кралство се погрижи за тоа минатата година за што ме остави изненадена! Турнејата ме натера да сфатам колку ни е потребен албум. Само го чекавме вистинското време и вистинската можност, а вистинско време е сега и навистина сум возбудена што ќе го направам тоа како дел од Frontiers. Имаат многу планови за мојата кариера што е возбудливо.

вели Кесиди за Rockpit.

На 11 октомври 2023 Кесиди Парис го издаде „Danger“ првиот сингл од албумот „New Sensation“. Младата гитаристка е дел италијанската глобална издавачка куќа Frontiers Music.

Кесиди е родена во Австралија, таа е ќерка на македонскиот гитарист Стив Јаневски, кој долги години е дел од рок сцената во Мелбурн. Во моментов Стив е гитарист во групата Wicked Smile. За своите македонски корени и желбата во иднина да настапува во Македонија (стискаме палци) Кесиди неодамна зборуваше во интервјуто со Урош Вељковиќ.

„Би сакала да настапам во Македонија. Би била многу горда, бидејќи е дел од моето потекло. Дефинитивно планирам што е можно повеќе турнеи. Досега сум настапувала во Јапонија, САД, Велика Британија и секако Австралија. Едвај чекам да се вратам во Обединетото Кралство овој ноември и декември!“

вели Кесиди
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи