„eRAI“ од Делија и Антонија е достапна за преслушување

„еRAI“ од Делија

eRAI“ од Делија и Антонија е веќе достапна за преслушување. Романските популарни пејачки Делија (Dalia) и Антонија (Antonia) на 7 ноември 2023 ја претставија динамичната поп песна „eRAI“. Соработката е дела од новиот албум „Flex“ кој Делија го издаде за Глобал рекордс (Global Records).

„eRAI“ од Делија и Антонија е прва соработка на овие две прекрасни пејачки, иако двете имаат соработки со повеќе артисти досега. Песната е само една од повеќето соработки на албумот. „Flex“ има 13 песни, а на дел од нив соработува со HVDNS, Адрија Деспот (Adrian Despot), NANE, Connect-R. Dalia е целосен автор на сите песни од албумот, а продукцијата е на Алекс Котој (Alex Cotoj).

Албумот е достапен на дигиталните платформи и во претпродажба, а официјалната промција е на 21 ноември 2023 во музејот Мина (MINA Museum).

„Конечно, можам да флексирам… со албумот „Flex“. Долго го чекав издавањето на албумот и конечно се случи. Уживајте и се гледаме на 21 ноември во музејот Мина за да уживаме во „Flex“ во живо.“

изјави Делија.

Пред песната „eRAI“ од Делија и Антонија, пејачката Антонија беше актуелна со соработката со KiDi на синглот „Moonlight“ кој пејачката го издаде во октомври 2023.

За Делија

Делија Матаче (Delia Matache) која е позната по своето сценско име Делија (Delia) е романска пејачка, композитор. Делија е една од најпопуларните романски пејачки, а голем дел од хитовите кои ги испеа ги напиша самата.

Музичката кариера ја започна како дел од поп-дуото N&D со која настапуваше од 1999 до 2002 година. Заедно издадоа три албуми и повеќе синглови. Нивната песна „Не сум виновна“ (Nu e vina mea) во 2001 година се искачи на првото место на романската топ листа.

Од 2003 година работи на својата соло кариера. Благодарение на сексипилот што го поседува Делија што многу вкусно е тоа истакнато во нејзините настапи, таа привлече внимание од медиумите. Нејзиниот деби соло албум „Мирис на среќата“ (Parfum de Fericire) се искачи на четвртото место на романската топ листа. Албумот „Flex“ е своевидно одбележување на дводецениската кариера на музчката сцена.

Далија го достигна врвот на соло кариерата со сингловите како „Обезвредетен“ (Ipotecat) и „На крилја на ветерот“ (Pe aripi de vânt) со кои се искачи на самиот врв на романската Airplay 100 топ листа (Romania Airplay 100). Покрај ова учествуваше и како судија на романскиот X Factor и на комичното шоу iUmor.

Со синглот „Acadele“ кој е реакција на романскиот референдум за дефинирање на семејство, ја покажа својата поддршка за ЛГБТ (LGBT) заедницата во Романија.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи
Елени Фуреира
Read More
Елени Фуреира
Елени Фуреира (Ελένη Φουρέιρα) е натурализирана грчка пејачка, актерка, танчарка и модна дизајнерка.