Фанк Шуи - „Чај“

Фанк Шуи го претставија музичкото видео за „Чај“

Еден од најпопуларните музички состави од Македонија Фанк Шуи (Funk Shui), на 8 ноември го претстави новиот видеозаписот за песната „Чај“. Песната е од последниот албум на Фанк Шуи со назив „Никогаш повторно“, објавен во 2023 година.

Музиката и текстот на „Чај“ како и на останатите песни од Funk Shui се колаборација на сите членови на групата. Фанк Шуи се: Лука Ѓоргиевски, вокал, гитари, клавијатури; Михаил Намичев, бас и клавијатури; Давид Николовски на тапани и Стефан Момиќ на ударни инструменти и Мартина Баракоска на тапани. На членовите на Фанк Шуи за продукцијата на „Чај“ им се приклучи Бен Милчев, а негово дело е и аудиомиксот.

Музичкото видео за песната „Чај“ на Фанк Шуи е супер интересен колаж на снимки од летните турнеите на групата. Членовите на групата самите беа камермани за спотот, а имаше и дополнителни снимки од Стефан Трпески, Ѓорги Вацев, Владимир Митревски, Методија Атанасовски и Лубна Чуриќ.

За Фанк Шуи

Funk Shui е македонска рок група. Бендот е формиран во 2010 година. Својот деби албум „Aether“ го објавија во 2012 година. По ова, во 2015 година го објавија албумот „R.E.M“, а во 2018 година го објавија албумот „Impuls“.

Нивниот најнов албум „Никогаш пак“ го издадоа во 2023 година. Веќе има неколку видеозаписи за песните од овој албум. Спотови се објавени за песните „Fu_k Shui“, „Магла“, „Не време“ и „Метеори“.

Беа дел од програмите за прикажување на MENT Љубљана, Музичката недела во Атина (Athens Music Week), ПИН музичката конференција. Во 2021 година беа финалисти на HEMI Music Award.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи