2Бона, Слаткаристика - Ај Леле

2Бона и Слаткаристика повторно заедно со нова песна „Ај Леле“

Ај Леле“ е новата песна на 2Бона и Слаткаристика. Оваа веќе позната (добитна) комбинација со допирни точки во доменот на музичкиот сензибилитет повторно со нова песна и потенцијален хит. Нивните претходни песни „Дијаманти“ и „Главо Луда“ што може да ги дефинираме како хитови, заедно бројат повеќе од 16 милиони прегледи.

Песната „Ај Леле“ заедно со видео спотот е обајвена на 5 ноември 2023 на Јутуб каналот на Горила ТВ (Gorilla TV). Фановите кои ја слушаат нивната музика на Спотифај (Spotify) имаа шанса да ја слушнат песната 24 часа пред да биде официјално објавена на Јутуб.

Некои би рекле дека времето на Слаткаристика помина, но тој повторно се враќа со истата енергијата каква што ја имаше и пред десет години. Тој со својата музика ја обележа послената деценија на поп-рап музиката. Може слободно да се каже дека тој е еден од малкуте музичките ѕвезди во Македонија. За нас, тој е македонскиот Еминем (Eminem), можеби не според музичкиот сензибилитет отколку за неговата приказна поврзана со музичката кариера.

2Бона, како што некои милуваат да кажат, се од поновата генерација. Тие честопати кажувале дека се израснати со музиката на Слаткаристика и сите други хип-хоп артисти во тоа време.

Видео спотот е снимен во Бугарија каде што имаат и многу настапи. Музиката на 2Бона и Слаткаристика им се допаѓа на слушателите од Бугарија кои ги полнат сите дискотеки каде што настапуваат.

Тие имаат повеќе соработки со бугарски артисти. Некои од нив се со Криско (Krisko), Fyre и Bobkata. Песните и ден денес може да се слушнат не само во дискотектите во Бугарија, туку и во Македонија.

Текстот и музиката во песната се на Марио Јелиќ (Кун), Антонио Стојановски (Бонтони) и Марко Маринковиќ (Слаткаристика). Битот е на Кун кој заедно со Лазар Цветковски работеа на инженерскиот аспект (читај: аудиомиксот и мастерингот).

Песната „Ај Леле“ е достапна и на платформите за преслушување музика (music streaming services) како Спотифај (Spotify), Дизер (Deezer) и Еп’л мјузик (Apple Music).

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи