25 години Таксират – 10 музички ѕвезди во главната прослава за јубилеен!

Таксират 25

Таксират – еден од најстарите и најквалитетни музички фестивали за алтернативна музика во Македонија, годинава го прославува јубилејно 25-то издание! Прославата за четврт век ТАКСИРАТ 25 ќе кулминира на 7 декември 2023 во Скопје. Организаторите веќе ја објавија и програмата, и музичките имиња кои ќе може да ги видиме.

Главната вечер годинава ги собира ТАКСИРАТ резидентите, имињата потпишани зад најмасовните концерти, артистите кои дефинираа жанрови, но и станаа белег на „Таксират“ или уште поважно, екипата која во моменти одигра значајна улога во опстојувањето на фестивалот. На 3 сцени кои ќе бидат поставени во скопската Арена Борис Трајковски со настапи на 10 различни музички ѕвезди, на Главната вечер збирно место ќе има и новата генерација, актуелниот бунтовен звук, но и светската алтернативна, транскултурна електронска сцена.

А таа, на Таксират годинава пристигнува од Франција со психоделично-ориенталниот електронски звук на ACID ARAB (Ејсид Араб), парискиот музички колектив познат како транскултурен еклектичен спој на музичките стилови од целиот свет. Покрај нив, жанровската фузија во единствен уникатен звук ќе ни ја претстави и извонредниот DUB FX (Даб еф-икс), австралискиот музичар, визионер, уличен уметник и општествен активист кој на ТАКСИРАТ 25 ќе го промовира новиот, долгоочекуван албум „Infinite Reflection” и, како што самиот нагласува, ќе ја претстави новата димензија на неговите концертни настапи.

велат од организаторот.

Секако Таксират секогаш имал простор и за изведувачите од регионот. Оваа година на главната сцена на Таксират 25 ќе има простори и за дел од најголемите балкански изведувачи. Дел од нив со убедливо најуспешни интернационални кариери, соработници и големи пријатели на организаторот „Пасворд Продукција“. Тука спаѓа еден од најдобрите бендови од регионот, ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ. Секогаш импресивната екипа која ги освојува најголемите светски фестивали и повеќе од 20 години руши рекорди со многу меѓународни концерти. Низ овие концерти ја имаат освоено публиката од секој дел на планетата.

Од македонската сцена, на Таксират 25 ќе можеме да го видиме маестралниот КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ. Кирил е зачетник на глобалниот феномен познат како „балкан бит“. Со своето повеќе од дваесетгодишно творештво се запиша на самиот врв на најценетите музички уметници од Југоисточна Европа. Домашната сцена ќе ја претставуваат уште две легенди – гордости на македонската музичка алтернатива. Посетителите ќе имаат можност да ги слушант основоположниците на метал-кор музиката во Македонија – SMUT (Смат), и неприкосновеното рап име од скопската андерграунд школа  – СТРАЈК.

Од регионот, покрај „Дубиоза Колектив“ и претходно најавените ЛЕТ 3 од Хрватска, на главната вечер ќе настапат и С.А.Р.С., алтернативната рок група која со иновативниот музички израз си го заслужи своето место како еден од најатрактивните изведувачи на регионалната музичката сцена, како и СМОКЕ МАРДЕЉАНО, најпочитуваниот претставник на бунтовната генерација од белградскиот хип-хоп, но и МИМИ МЕРЦЕДЕС, eдна од првите и најистакнати раперки од српската музичка сцена.

За Таксират 25

Првото издание на ТАКСИРАТ се одржа во далечната 1999 година. Приказната на скопските „таксиратлии“ започна од Младинскиот Културен Центар. Низ изминатите изданија надживеаа дел од своите локации, но и засекогаш ги обележа со култни концерти, Скопскиот Саем, Метрополис Арена и дополнителните хали, низа концертни простори насекаде низ Скопје… и ТАКСИРАТ сѐ уште е тука!

Годинава, јубилејното 25-то издание (Таксират 25) се одржува со програма која вкупно брои повеќе од 60 концерти и настапи на различни локации во Скопје. Програмата ќе биде заокружена со финалната прослава и настапите на овие 10 музички ѕвезди во една, Главна вечер, на 7 декември во Арена Борис Трајковски.

Билетите за главната вечер на ТАКСИРАТ 25 се веќе пуштени во продажба. Најбрзите 1000 купувачи ќе можат да ги купат билетите по промотивна цена од 700 денари. Билетите се достапни во продажната мрежа на МкТикетс.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи