„The Gift“, деби сингл на сараевскиот метал бенд ДОЛИА (DOLIA)

„Подарокот“ од ДОЛИА

Сараевскиот симфониски/прогресивен метал бенд ДОЛИА (DOLIA) го претставува својот деби-сингл „Подарокот“ (The Gift) кој e најавa за нивното претстојно проширано издание (EP). Видеото за истоимениот сингл e објавено на 30 октомври 2023 година. Спотот го режираше Тарик Хоџиќ („Крискај за мене Сараево“). Аудиомиксот и мастерингот за песната ги потпишува Симон Јовановиќ.

ДОЛИА во сегашниот состав постои од 2018 година. Членови на бендот се: Сара Војичиќ (Sara Vojičić), вокал; Риад Мусиќ (Riad Musić), гитари и оркестрација; и Ерик Милер (Erik Müller) на бас . Во својата музика тие комбинираат хеви-метал (Heavy Metal) со примеси на класична и филмска музика, како и етно мелос.

Зад музиката се крие оригинална фантастична приказна, делумно инспирирана од словенската митологија. Песната „Подарокот“ (The Gift) раскажува за средбата на главниот протагонист со Морана, словенската божица на зимата, плодноста и соништата, но и заштитничката на жените.

Сара Војичиќ (Sara Vojičić) / „Подарокот“ (The Gift) - ДОЛИА (DOLIA)
Сара Војичиќ
Ерик Милер (Erik Muller) / „Подарокот“ (The Gift) - ДОЛИА (DOLIA)
Ерик Милер
Риад Мусиќ (Riad Musić)
Риад Мусиќ

Бендот најави објавување на уште две музички видеа за песни што ќе се најдат на најавеното проширено издание (EP), што ќе ја придружуваат оваа приказна, но и ќе ја покажат другата страна на паричката, односно нејзиниот пандан од реалниот свет. По првата песна „Подарокот“, вториот сингл кој ќе биде воедно и „насловната/носечката нумера“ на најавеното издание, ќе биде објавен на крајот на годината (2023).

Покрај приказната со објавување на сингловите што започнува со песната „Подарокот“, бендот активно работи на снимањето на концептуален албум со девет песни, што планираат да го издадат во 2024 година. Потоа во план е негово промовирање со настап во живо ширум поранешна Југославија, но и пошироко.

„Подарокот“ (The Gift) - ДОЛИА (DOLIA)
Подарокот – ДОЛИА (The Gift – DOLIA)
Total
0
Shares
1 comments
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи