Заврши SoAlive. Од 19 до 21 октомври 2023 во Софија, Бугарија, се одржа регионалната музичка конференција SoAlive. На конференцијата имаше учесници од целиот регион, а говорници имаше од различни делови на светот. Како дел од конференциската и концертната програма на овој настан, учествуваа и македонски претставници.
Воведната конференција за музика SoAlive (SAMC) ги надмина сите очекувања. Успешно собра над 400 претставници од индустријата, претстави десетици живописни бендови и маѓепса илјадници обожаватели на музика во живо во текот на три незаборавни дена (19 до 21 октомври 2023 година).
Овој револуционерен настан беше обележан со информативни говори од гиганти во индустријата. Азис, музичката сензација која може да се пофали со преку 2 милијарди прегледи на YouTube, сподели инспиративни приказни и сознанија од неговата славна кариера. Познатиот музички новинар Дејвид Фрик одржа длабоко емотивен говор, а д-р Метју Ноулс даде трајна мудрост, потсетувајќи нè сите дека „Неуспехот е можност да растеме, а не причина да се откажеме.
велат организаторите на SoAlive
Посетителите можеа да слушнат говорници со исклучително искуство и влијание во музичката индустрија. Дел од говорниците беа Mathew Knowles – најмногу познат како менаџер на музичката група Destiny’s Child; David Fricke – уредник во Rolling Stone; Азис – регионална музичка супер-ѕвезда од Бугарија; Jennifer Masset од Spotify; Alex Cotofana маркетинг менаџер и промотор во Global Records; James Marshall, Senior Music Supervisor во Sony Interactive Entertainment Europe…
Покрај делот со говорници настанот имаше и неколку интересни работилници. Интересот за работилниците беше огромен, па местата беа пополнети во целост. Учесниците креираа десет сосем нови песни, демонстрирајќи нови „мостови“ во културата и музиката.
Секако, овие настани не можат да поминат без музички дел. Тој дел од фестивалот главно беше фокусиран на талентирани музичари од регионот.
Регионалните фестивали се одлично место на кое учесниците во различни сегменти од музичката индустрија имаат различни придобивки. Покрај одличната можност да слушнат мислења од многу експерти, кои често не се дел од регионот има простор и за размена на мислења, креирање на познанства со луѓе со слично мислење и вмрежување со професионалци од индустријата.
За музичарите и изведувачите, овие фестивали е одлична можност да се претстават пред нова публика. Секако може да се креираат контакти со музичари и да се реализираат различни соработки во иднина.
Заврши SoAlive, но сеќавањата и позитивните искуства на овој настан чии организациски мотор беше Рут Колева ќе останат вечно во помнењето на учесниците и посетителите на овој регионален музички настан што се одржа во Софија, Бугарија.
Впечатоци на македонските претставници
Во конференцискиот дел Нела Пешовска од Пасворд продукција (Password Production) беше единствен македонски претставник. Таа учествуваше на две панел дискусии на теми што стимулираа соработка на Балканот (United in Harmony: Fostering Collaborative Ecosystems in the Balkan Music Scene) и ревитализирање на музичките фестивали на Балканот (Festivals Unplugged: The Resonance and Ramification of Balkan Music Festivals).
Заврши SoAlive, а ние ја прашавме Нела за нејзиното искуство на конференцијата.
„Пред сѐ, ме радува фактот дека балканската музичка сцена расте на ова поле, бидејќи настаните од ваков тип значат отварање на нови пазари, нови перспективи за уметниците и за сите кои работат во музичката и културната индустрија и отварање на патот кон Европско вмрежување на нашите артисти.
На инауругативното издание на SoAlive музичката конференција учествував во две панелни дискусии, на темите United in Harmony: Fostering Collaborative Ecosystems in the Balkan Music Scene заедно со Ruud Berends, Zorica Tepic, Miran Rusjan, Geogres Perot и Cosmin Ionescu и Festivals Unplugged: The Resonance and Ramification of Balkan Music Festivals заедно со Holger Jan Schmidt, Nick Hobbs, Nick Drozg, Vedran Meniga и Stefan Elenkov.
Според мене, темите на кои дискутиравме се битни бидејќи ние на Балканот се соочуваме со слични предизвици, имаме пристап до ограничени ресурси, а сепак конекциите меѓу Балкансите фестивали го ставаат Балканот на Европската мапа кога се во прашање музичките проекти. За мене оваа конференција беше уште еден доказ дека нашето ниво на работа е еднаков на најголемите светски и европски фестивали, со единствена разлика во нулите на крајот на буџетот. (се смее) 😀
Пасворд Продукција не е ново име на ваквите настани и има богата позадина и искуство зад себе, но работиме во константно менлива индустрија и надградувањето е неопходно.
Одличната организација на првото издание на конференцијата ми дава за право да верувам дека и следната година Софија и SoAlive конференцијата ќе биде неизбежно место на календарот на многу европски и светски музички професионалци. Затоа ги охрабрувам сите македонски артисти да аплицираат на конкурсите за учество на фестивалот.“
го пренесе своето искуство Нела
Заврши SoAlive но Нела нѐ потсети дека љубителите на музика и учесниците во музичката индустрија на крајот на ноември ги чека ПИН конференцијата во Скопје, Македонија. Уште една одлична музичка конференција со децениско искуство, а во организација на Пасворд Продукција (Password Production).
„До тогаш, добредојдени сте на овогодинешното издание на ПИН Кофнеренцијата, 30.11 – 02.12, каде можете да ги запознаете организаторите на SoAlive, како и преку 400 други фестивали, промотери, издавачи и над 45 артисти од цела Европа.“
повика Нела Пешковска
Од Македонија на музичкиот дел од фестивалот беа Дина Јашари, Yon Idy, Зарина Првасевда и Red18. Рок групата Занаду требаше да настапува, но за жал мораа да го откажат настапот.
Ние добивме изјави од бендот Red18 и од победничката на Upbeat платформата Зарина Првасевда за нивното исуство и впечатоците од учеството на шоукејс фестивалот (showcase festival).
Заврши SoAlive – впечатоците на бендот Red18
„Нашето искуство беше совршено. Нашето учество дефинитивно беше корисно за промовирање на нашиот бенд и нашата музика пред сосема нова публика. Успеавме да оствариме контакт со многу регионални професионалци од музичката индустрија и едвај чекаме да имаме соработка со нив. Од организациски аспект конференцијата беше организирана можеби најдобро од сите настани на кои што досега сме се претставиле.“
Red18
Заврши SoAlive – впечатоците на Зарина Првасевда
„На SoAlive поминавме навистина извонредно, имавме одлична техничка поддршка, што направи уште подобро да се слушаме и чувствуваме на сцена и да дадеме она што имавме за давање а соодветно на тоа, фидбекот од публика беше одличен подоцна. Се разбира, после концертот имавме контакти со професионалци од нашата област, а со некои од нив веќе разговараме за можна соработка.
Да се биде дел од вакво збиднување, прво во низата, за мене беше навистина големо задоволство, особено затоа што познавајќи ги лично Рут и Мила и нивните способности, не се сомневав дека се ќе биде на највисоко ниво, како што и беше. Честитам и посакувам да се множат до бескрај!
Благодарам за се.“
Зарина Првасевда
Фото галерија од SoAlive 2023
Заврши SoAlive, но убавите сеќавања ќе останат. Како помина настанот може да погледнете и во оваа галерија од Павел Коев…