„Љубовни песни“ е нов албум на украинската пејачка Марув

Атрактивната украинска пејачка Марув, најави нов албум и прво EP за алтер егото Sharlotta Ututu (Шарлота Утуту). Изданието „Love Songs“ (превод: Љубовни песни) ќе биде издадено на 27 октомври 2023.

Најавата за новиот албум пејачката ја сподели на друштвените мрежи. Обожавателите на пејачката се израдуваа на Facebook и Instagram и побараа дополнителни информации, за кои сепак ќе треба да почекаат.

Ова ќе биде второ музичко издание на пејачката во октомври 2023. Претходно, на 7 октомври под брендот/проектот/алтер егото Шлакоблохина ја издаде песната „Big Mama Boss“.

Интересно е што најавата за промоцијата ја проследи со илустрација и музика од изданието „Killing Me Softly“. Оргинално песната беше најава за студиски албум што требаше да го издаде како МАРУВ. Веќе се приближуваме до крајот на годината, па нема да чекаме за да дознаеме дали планира покрај проширено издание (EP) да издаде и уште едно издание оваа година.

Еден ден порано МАРУВ ќе ги „однесе“ своите алтер ега  Шарлота Утуту и Шлакоблохина на концерт во Дубаи. Ова не е прв концерт на пејачката во Дубаи, а се чини дека ова и е една од омилените локации. Ако се израдувавте на потенцијална турнеја за жал ќе мора да ве разочараме. Во моментов нема официјална најава за други концерти, иако би можеле да се надеваме дека би имало нешто веќе следната година.

МАРУВ е една од најпопуларните пејачки во Украина. Шарлота Утуту е едно од нејзините алтер ега. Покрај ова име пејачката издава музика и под името Шлакоблохина (Shlakoblochina). Под ова име веќе издаде дебитантско проширеното издание (EP) „Фаталити“ (Fatality).

МАРУВ (MARUV) е сценско име на украинската пејачка Хана Борисивна Корсун. Од 2017 година 32-годишната пејачка за настапи го користи неколку имиња за настап MARUV (секогаш со големи букви) е едно од нив. Таа има издадено четири студиски албуми: „Stories“ (2017), „Black Water“ (2018), „No Name“ (2021), „Killing Me Softly“ (2023) и 2 EP изданија: „Hellcat Story“ (2019) и „Fatality“ (2020) (како Shlakoblochina).

Во 2019 година MARUV требаше да биде украински претставник на Евровизија. За жал правата за песната „Siren Song“ со која требаше да настапува на Избор на песна за Евровизија беа во сопственост на рускиот издавач Warner Music Russia. Како дел од договорот со издавачот требаше да одржи концерт во Москва. Откако беше јасно дека MARUV ќе има два концерти во Москва, украинскиот министер за култура излезе со соопштение дека музичари кои не го препознаваат територијалниот интегритет на Украина и музичари кои имаат турнеи во Русија не можат да ја претставуваат земјата на Евровизија.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи