Познатиот српски пејач MC Стојан (Mc Stojan) во придружба со Главаш (Glavash) објави нова песна. Песната „Со на ране“ е нивна втора заедничка соработка. Оваа песна е објавена на 17 октомври 2023 на Јутуб каналот на Мс Стојан.
Новата песна „Со на ране“ е нешто поразлично од MC Стојан. Ритамот и начинот на пеење наликува на популарните песни во светот, а тоа не е вообичаено за него. Неговите песни се обично весели и различен стил на пеење.
Оваа песна наликува на предходната песна на МC Стојан, „Sta ces s njim“. Тоа е песната во која овие два артисти за прв пат соработуваат. Песната е објавена пред 2 месеци и е последна песна од МC Стојан.
Песната „Со на ране“ има свој видео спот објавен истовремено со песната. Автори на спотот се Лука Јаковљевич (Luka Jakovljević) и Петар Кастратович (Petar Kastratović).
Главаш има најмногу улоги во изработката на песната „Со на ране“. Тој е автор на музиката, текстот и аранжманот. Во пишување на тексот за песната му помогнал и Каичи (Kaichi). Саша Динич (Saša Dinić) е заслужен за аудиомиксот и мастерингот. А, придружните вокали кои ја збогатуваат песната се на Вања Чиркович (Vanja Ćirković).
Кратко за MC Стојан
MC Стојан е познат низ целиот Балкан па и пошироко. Тој има многу хитови низ својата долга кариера која започна во далечната 2005. Во 2018, тој ја објави својата најпопуларна песна „Ла Миами“ која денеска има неворојатни 146 милиони прегледи на Јутуб. А, малку подоцна истата година тој објави уште една песна која го носи името „Ало“ и има 56 милиони прегледи на Јутуб.
Мс Стојан има соработувано со многу артисти од балканската сцена. Неговите најголеми соработки се со Hurricane, Теодора Џехверович (Teodora Dzehverovic), Пајак, Тијана Ем и Вресквица.