„Бесмртни 2“ од членот на Кукус, Гоца Р.И.П.

Иван Година познат како Гоца Р.И.П. (Goca R.I.P.) или можеби на некој познат како член од групата Кукус го објави своето ново ЕП, „Бесмртни 2“. ЕП-то се состои од 5 песни и еден видео спот.

Ова ЕП објавено на 9 октомври 2023 е продолжение на неговиот последен и единствен албум „Бесмртни“. Тој на својот инстаграм профил објави пост на кој прати порака до сите негови фанови.

Фала на сите што учествуваа. Еве неколку песни за затворање на „Бесмртни“ приказната, барем засега.

вели Гоца Р.И.П.

Песната „Врати се“

Песната „Врати се“ беше објавена неколку дена пред да биде објавено ЕП-то во целост. Воедно таа е и едниствената песна од ЕП-то која има видео запис. „Врати се“ е певлива песна која лесно останува во главите на слушателите, а видео спотот одлично се вклопува со ритамот и тексот на песната.

Гоца Р.И.П. дречи во спотот. Тој повторно ја офарбал косата во зелена боја која е многу впечатлива. Многумина би рекле дека тоа е необично, но тоа е дел од неговиот стил. Ова не е прв пат да ја одбере оваа боја, иако за некој можеби е чудно.

Автори на текстот од песната „Врати се“ се Иван Година – Гоца Р.И.П. и Харис Рахманович – Прики. За аудиомиксот и мастерингот се задолжени Strapazoot и Lockroom кои заедно со Гоца Р.И.П. и Прики учествуваат во продукцијата на песната.

Останатите песни од „Бесмртни 2“

„Навике“ и „Добро је све“ се двете песни во кои Гоца Р.И.П. не пее сам. Двете соработки се со женски артисти чии вокали ги збогатуваат песните. Песната „Навике“ е соработка со Миач (Miach), а ЗСА ЗСА (ZSA ZSA) гостува во песната „Добро је све“. Останатите две песни „Moja 4 zida“ и „Boginjo“ се соло песни и немаат никаква соработка.

Засега песните се достапни само на јутуб каналот на Yem, но се очекува да бидат достапни и на платформите за преслушување на музика.

Учeсници во реализација на ЕП-то „Бесмртни 2“ се:

  • Текст: Иван Година (Гоца Р.И.П.), Харис Рахманович (Прики), Миа Чичак, Јелена Жнидарич и ЗСА ЗСА
  • Аудиомикс: Strapazoot и Lockroom
  • Мастеринг: Strapazoot и Lockroom
  • Продукција: Иван Година (Гоца Р.И.П.), Strapazoot, Харис Рахманович (Прики) и Lockroom
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи