ПИН конференција 10 во Скопје: годинава јубилејно издание

Пин конференција 10

Подгответе се за музичко уживање на јубилејното издание на ПИН конференција 10 и фестивалот на кој ќе учествуваат многу бендови (showcase festival), организирани од Пасворд продукција (Password Production). Овој музички настан ќе се одржи од 30 ноември до 2 декември 2023 во Скопје, и ветува три дена неповторливо музичко искуство.

Само за илустрација за тежината на настанот; Дукаѓин Липа (Dukagjin Lipa) таткото, а воедно и менаџерот на пејачката Дуа Липа (Dua Lipa) беше еден од панелистите на конференцијата во 2018 година.

Од 30 ноември до 2 декември се собираме на исклучително патување во Скопје и три дена (барем!) музичко чудо во срцето на Балканот. ? Придружете ни се сега, ајде да поттикнеме иновации и заедно да ја креираме иднината на музичката сцена!

ПИН конференција 10 не е само настан, таа е и своевидна прослава на десетгодишното музичко патување на Пасворд продукција како организатор на настанот. Конференцијата претставува можност да се види спојот на различни музички стилови и култури, луѓе со различни функции во музиката. ПИН Музичката конференција е збир на музичари, продуценти и љубители на музиката, со единствена идеја да овозможи вмрежување и соработки и да сподели информации и иновации за музичката индустрија. Тоа е нејзината конференциска компонента. Онаа другата е фокусирана на претставување музички бендови преку нивни кратки настапи во вечерните часови.

Регистрација на ПИН конференцијата започна. Присуството е бесплатно но ограничено. Регистрација е отворена до 20 октомври 2023. Ви препорачуваме да го резервирате вашето место пред да биде доцна. Конференцискиот дел секогаш има интересни теми за музичките професионалци, кои по следење на панел дискусиите излегуваат побогати со дополнително знаење и информации.

Во написот „ПИН Конференција 2022: Компактно резиме за панел дискусиите“ објавен за ланското издание на конференцијата, може да се прочита сижето за неколку панел дискусии одржани минатата година.

На календарот заокружете ги датумите од 30 ноември до 2 декември 2023 година и придружете им се на некои од најголемите музички професионалци и ентузијасти во Македонија и регионот, во обидот за обликувањето на иднината на музичката сцена и музичката индустрија.

Регистрацијата е во тек и ќе трае до 20 октомври, а може да ја направите тука.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи