Видео за „Еден во милион“ на Реџа и Гета

На почетокот на август 2023 беше објавена песна „One in a million“ (Еден во милион) на пејачката Бебе Реџа (Bebe Rexha) и музичкиот продуцент и диџеј Давид Гета (David Guetta). Денес, на 26 септември 2023 е објавено видеото за песната.

Пред неколку дена (22 сеп) беше објавен и ремикс на песната „Еден во милион“ направен од, нормално, Давид Гета. Пејачката од Бруклин, САД Реџа и ветеранот во светот на денс музиката Гета продолжуваат да ја раскажуваат нивната заедничка соработка и преку оваа видео за песната. Во исто време, нивната претходна соработка што резултираше со песната „I’m Good (Blue)“ се наоѓа на првото место на Билбордовата топ листа насловена како „Hot Dance/Electronic Songs“.

Бебе Реџа на Фестивалот Untold, август 2023 година / Фотограф: (c) Nuta Lucian (Nuță Lucian) / CC BY-SA 2.0
Бебе Реџа на Фестивалот Untold, август 2023 година / Фотограф: (c) Nuta Lucian (Nuță Lucian) / CC BY-SA 2.0

Изгледа дека Реџа со нејзиниот менаџмент тим решиле нејзината кариера да ја носат на друго ниво. Некаде пред крајот на првата четвртина од 2023 година, таа имаше соработка со супер ѕвездата раперот Снупдог (Snoop Dogg). Песната се вика „Satellite“ (Сателит). Па еве, во последниве месеци соработка со Давид Гета. Ние ја следиме Бебе Реџа да видиме што ќе биде следното изненадување од нејзе во однос на соработките со своите колеги.

До тогаш ние уживаме во глетката од клубот Усуаја (USHUAÏA) на островот Ибица на кој орото го водат фантастичните клубови.

Понуда на клубовите на Ибица за 24 септември 2023 / Автор: Денис Алексоски
Понуда на клубовите на Ибица за 24 септември 2023 / Автор: Денис Алексоски
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи