Mr. Big на турнеја во 2024 ќе се збогува со публиката

Популарниот хард-рок состав од деведесеттите Mr. Big на турнеја во 2024. Бендот се подготвува за голема светска турнеја со назив „The Big Finish“ што ќе започне на почетокот на 2024 година од САД, а потоа ќе продолжи во Велика Британија и Европа.

Концертите во САД започнуваат на 12 јануари во Хјустон и ќе се одржуваат до 24 февруари 2024. Последен град на американската турнеја е Оклахома Сити. Планот за европската турнеја е да започне во Келн, Германија на 17 март. Последниот концерт е во Луксембург на 15 април. Групата на турнејата ќе ги „прошета“ Велика Британија, Германија, Италија, Луксембург, Полска, Швајцарија, Франција и Шпанија. Дел од концертите на Mr Big во Европа (Келн, Вулверхемптон, Парис, Барселона, Трецо сул’Ада) се речиси распродадени. Датите и локациитете на концертите, како и билтетите се достапни тука.

Посетителите на концертите ќе можат да ги слушнат песните од албумот „Lean Into It“ објавен во 1991 година заедно со најголемите хитови од другите албуми. Тапанарот Пет Торпеј (Pat Torpey) кој е еден од основачите на групата почина во 2018 година. Па, оригиналните членови на Mr Big, Ерик Мартин (Eric Martin), Пол Гилберт (Paul Gilbert) и Били Шихан (Billy Sheehan) ќе ги придружува тапанарот Ник Д’Вирџилио (Nick D’Virgilio).

Зошто Mr. Big се нарекува Mr. Big?

Mr. Big се основани во Лос Анџелес во 1988 година. Оригиналниот состав на групата е Ерик Мартин (вокал), Пол Гилберт (гитара), Били Шихан (бас) и Пет Торпеј (тапани).

Името на групата доаѓа од името на истоимената песна „Mr. Big“ од групата „Free“. Нивниот најголем хит, синглот „To Be With You“ е објавен во ноември 1991 година. Песната е дел од албумот „Lean into It“. „To Be With You“ беше најпопуларна песна во 15 држави во 1992 година.

Групата веќе одржа концерти во Јапонија и Југоисточна Азија. Mr Big често се користат како пример за два феномена:

  • Big in Japan“ музичар или група која има значително поголема публика во Јапонија во споредба со слични групи и
  • Оne-hit wonder“ група која има една хит песна. Mr. Big има одлични хард-рок песни кои своевремено ја уживаа популарноста. Една од нив е „Addicted To That Rush“. Но вистински хит на Mr Big е „To Be With You“.

Како куриозитет за крајот на оваа статија ја споделуваме информацијата дека бас гитаристот на Mr. Big, Били Шихан, е и член на бендот Талас (Talas). Талас е рок бенд што лани во септември (сеп 2022) го објави одличниот хард-рок албум „1985“ (нашата препорака оди за песната „I’ll Take the Night“) во кој гитарата ја свири македонскиот гитарист Кире Најдовски. Кире е член на последниот состав на Талас, бенд од крајот на седумдесеттите и осумдесеттите години.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи