Филмот „3211“ е за животната приказна на познатиот српски артист Стефан Џуриќ – Раста (Stefan Đurić – Rasta) кој повеќе месеци беше во затвор. Најавениот албум што го носи истото име како и филмот се состои од 7 песни што се напишани за период на неговиот престој во затвор.
Официјалниот трејлер беше објавен на 24 август 2023 на Јутуб каналот Балкатон Генг (Balkaton Gang).
Првата свечена премиера на филмот беше одржана на 19 септември во Белград. На премиерата дојдоа многу јавни личности, музичари и другари на Раста. Војаж (Voyage), Корона (Corona), Зера (Zera), Мили (Mili), Теодора Џехверович (Теодора Џехверовић) и Таско се само дел од многуте познати личности кои беа присутни на свечената премиера.
Филмот „3211“ е вистинска приказна за успешен музичар кој еден ден губи сѐ и оди во затвор. Главната тема на филмот е правдата, отуѓеноста, препознавањето на животните приоритети, за животната сила што ги надминува сите препреки и желбата за слобода која е над сѐ.
1 comments