Грчката пејачка Катерина Стикуди објави дека е бремена

Грчката пејачка, актерка, модел и пливачка Катерина Стикуди (Katerina Stikoudi) го искористи својот настап за да им ја открие својата бременост на обожавателите. Триесетиосум годишната пејачка настапи во воведниот дел на концертот на Кристина Агилера (Christina Aguilera) во Малта што се одржи на 16 септември 2023.

Стикуди објави дека е бремена на сличен начин како што тоа го направи популарната американска пејачка Ријана (Rihanna). Ријана ја откри својата бременост за време на својот настан на Супербоул годинава (Superbowl 2023).

Ријана на Супербоул 2023

„Имам уште една причина зошто сакам светот да биде подобар. За 5 месеци ќе го родам моето второ дете.“

порача Катерина допирајќи го стомакот пред публиката

Веста за својата бременост ја сподели со 80.000 посетители во живо. Пејачката заедно со Кристина Агилера, Ира Лоско (Ira Losco), Queenz, Ема Мускат (Emma Muscat) и The Travellers беа дел од EuroPride Valletta 2023 концертот.

Катерина и Вангелис Серфис (Vangelis Serifis – DJ Rico) се во брак 5 години, и веќе имаат едноиполгодишен син.

На крајот на вечерта популарната пејачка го сподели моментот и на друштвените мрежи објавувајќи ја веста за сите што ја следат и немаа можност да го видат објавувањето во живо на концертот. Погледнете го изворно видеото за тоа како Катерина Стикуди објави дека е бремена.

Total
0
Shares
1 comments
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи