Љубојна на мини турнеја во Хрватска и Македонија

Македонскиот музички состав Љубојна е на мини турнеја во регионот. Серијата настапи започнаа на 15 септември 2023 со концертот во Academia Club Getto во Сплит, а продолжуваат вечерва, на 16 септември 2023 во Goulash Disko на островот Вис.

Љубојна е музички состав што е познат по своите одлични настапи во живо. Мини турнејата е добра можност за љубителите на музиката на составот што негува музика од светот (Word Music) да уживаат во уникатните звуци на групата. Најголем дел од членовите на составот се заедно од 2001 година, па одличните изведби не се воопшто изненадување.

„Вие со „полни батерии“ од летово, ние полни со МУЗИКА, нова енергија и екстатичен ГРУВ, се дружиме почнувајќи од вечерва во Сплит ???

Дрес код: 1.НАСМЕВКИ и 2.Чевли за ИГРАЊЕ“

порачуваат членовите на групата Љубојна.

По двата концерти во Хрватска, Љубојна ќе се врати дома и ќе одржи уште два концерти за македонската публика. Првиот се одржува на 22 септември 2023 во Прилеп. Еден ден подоцна, на 23 септември 2023, Љубојна патуваат за Штип каде ќе го одржат својот втор концерт во Македонија.

Љубојна ја сочинуваат: Вера Милошевска, Оливер Јосифовски, Бојан Петков, Трајко Трелов, Благој Трајковски, Најдо Шакиров, Демир Шакиров и Диџеј Yo!рдан.

Ако сте во некој од градовите во кои ќе настапи Љубојна и барате одлична музичка програма вечерта, би требало да го земете предвид концертот на Љубојна во градот каде што се наоѓате.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи