Младата македонска пејачка Лина Пејовска ја најави својата најголема турнеја. Таа во првата половина на септември 2023 на својот инстаграм профил објави дека ќе ги посети фановите од Австралија. Турнејата е закажана за декември 2023, но сеуште не се знаат точните датуми.
Лина своите песни ги пее на српски јазик. Таа има песни што бројат милионски прегледи. „Неваљала“ и „100 позива“ се нејзините најпознати песни што се соработки со македонскиот рапер Таско и заедно бројат повеќе од 17 милиони преслушувања.
Фановите на Лина Пејовска од далечната Австралија за прв пат ќе можат да го слушнат нејзиниот глас во живо. Тие нестрпливо ги чекаат точните датуми за настапите.
Турнејата е закажана за декември 2023, но сеуште не се познати точните датуми. Лина најави нивно откривање наскоро.