Young Dadi не може да одбере дали Сара, Ана, Марија, Софија или Анастасија

Young Dadi (Јанг Дади) ја објави својата нова песна. Тој не може да одбере дали Сара, Ана, Марија, Софија или Анастасија. Токму тоа е името на новата песна. Песната е објавена премиерно на 10 септември 2023 на неговиот Јутуб канал.

Тој во најавата за песната на неговиот инстаграм профил вели:

„Им ѕвонам и на Сара и на Ана, а ни Марија, Софија и Анастасија не ми креваат телефон ? Само сакав да им кажам дека утре во 18:00 вадам песна за нив?„

вели Young Dadi

Летната поп песна „Сара (Ана, Марија, Софија, Анастасија)“ ги обележи последните денови од летото. Јанг Дади со својот специфичен ритам и начин на пеење повторно ги воодушеви своите фанови.

Јанг Дади е ген-з поп артист од Скопје кој има повеќе синглови и едно ЕП. Луѓето го препознаваат по песните „Сафари“, „Пина Колада“ и „Бести“. Неговите песни бројат илјадници прегледи на Јутјуб и платформите за преслушување (streaming) на музика.

Сликата е преземена од инстаграм профилот на Young Dadi

Учeсници во реализација на песната „Сара (Ана, Марија, Софија, Анастасија)“ се:

Текст: Давид Даниловски (Young Dadi)
Музика: Давид Даниловски (Young Dadi)
Вокал:
Давид Даниловски (Young Dadi)
Аранжман:
Андреј Николов (Андрејник), RT Production и 1K Chainz
Аудиомикс: Андреј Николов (Андрејник)
Мастеринг: Андреј Николов (Андрејник)

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи