По пауза од речиси 3 години, австралиската пејачка Кајли Миног (Kylie Minogue) ќе издаде нов албум. „Tension“ (Тензија) доаѓа по „Disco” (Диско) што пејачката го издаде во ноември 2020. Промоцијата на албумот е најавена за 22 септември 2023. Тој ќе биде издание на BMG и Darenote.
„Tension“ е шеснаесетти студиски албум, а според најавата изданието ќе биде повеќе електро-поп отколку диско. Пејачката во последните неколку изданија експериментира со звукот, па ова ќе продолжи и на новото издание. Tension ќе има две верзии стандардна и делукс. Стандардната верзија доаѓа со 11 песни, а на делукс изданието ќе има 3 бонус траки.
Tension
- Padam Padam
- Hold on to Now
- Things We Do for Love
- Tension
- One More Time
- You Still Get Me High
- Hands
- Green Light
- Vegas High
- 10 Out of 10
- Story
Tension Deluxe
- Love Train
- Just Imagine
- Somebody to Love
„Започнав да работам нa овој со отворен ум и од нула. За разлика од моите претходни албуми нема тема. Тема е пронаоѓање на срцето, или забава, или фантазија за тој момент. Секогаш се обидував да бидам во служба на песната.
Сакав да и се радувам на секоја песна посебно и да нурнам во оваа слобода. Би рекла дека е спој на лична рефлексија, напуштање на клубот и чувство на меланхолија“
вели Кајли
Првиот сингл „Padam Padam“ излезе во јуни. Автори на песната се Ина Вролдсен (Ina Wroldsen) и Питер Рајкрофт (Peter Rycroft). На почетокот на месецот излезе и вториот сингл со исто име како и албумот – „Tension“. Автори на „Tension“ се Миног, Анја Џонс (Anya Jones), Камил Пурсел (Camille Purcell), Џон Грин (Jon Green), Ричард Станард (Richard Stannard) и Дак Блеквел (Duck Blackwell).
Албумот, но и сингловите покрај во дигитален формат ќе бидат достапни и на повеќе различни физички медиуми. Покрај плочите, изданието доаѓа и на касети, што секако е реткост. Дел од изданијата се веќе достапни на онлајн продавницата на Миног.