Во втората половина на август 2023 познатиот бугарски артист Криско на својот инстаграм прфил ја најави својата нова турнеја. Турнејата е закажана за месец ноември 2023, а САД и Канада се главните дестинации.
„Мојата турнеја во САД и Канада доаѓа во ноември! Градовите и датумите ќе бидат објавени наскоро.“
вели Криско
Фановите се во исчекување. Тие нестрпливо ги следат социјалните мрежи и ги исчекуваат датумите и градовите во кои ќе настапува. Големите фановите од овие две држави за прв пат ќе може да го видат Криско и да ги слушнат во живо неговите песни.
„Bazooka“, „Dali tova lubov e“ и „Шапка Ти Свалям“ се само дел од неговите песни кои чекаат да бидат испеани на турнејата. Песните се познати низ целиот Балкан и бројат милионски прегледи. Криско има соработки со многу познати артисти. Некои од нив се и македонските 2 Бона и Слаткаристика.