The Killers се враќаат со „Your Side of Town“

Your Side of Town (Твојата страна на градот) е нов сингл на The Killers. Ова е прво ново издание од групата по издавањето на  синглот „Boy“ минатиот август.

Автор на траката е фронтменот на The Killers, Брендон Флауерс (Brandon Flowers). Продукцијата е во соработка со Стјуарт Прајс (Stuart Price) и Шон Еверет (Shawn Everett).

„Your Side of Town“ не наликува премногу на она што сме навикнале да го слушаме од The Killers. Звукот е многу посличен на британски синт-поп од крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години отколку на поп-рок звукот што досега го практикуваа. Ова не е изненадување. Дури и самите The Killers во најавата за песната ја опишаа како „дух на синт музиката што ги инспирирала низ годините“, пишува Pitchfork.

Песната требаше да биде најава за новиот албум на групата на кој ќе имаше повеќе песни со сличен звук. Сепак пејачот Брендон Флауерс го изгуби ентузијазмот за проектот и сака да се вратат на звукот кој го имаа во Pressure Machine. Публиката која не е воодушевена од „новите Killers“ може да здивне. Групата нема да издава слични песни во иднина.

„На половина од снимањето сфатив дека не можам да го правам ова. Мислам дека повеќе нема да правиме ваков тип на музика“

вели Флауерс

Последниот албум Pressure Machine, Killers го издадоа во 2021 година. Групата сега е на раскрсница. Дали да продолжи со звукот на „Pressure Machine“ кој сакаат да продолжат да го развиваат, или да се вратат на звукот по кој се препознатливи.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи