Кристофер Ентони Лансфорд (Christopher Anthony Lunsford), познат во јавноста како Оливер Ентони (Oliver Anthony) влезе во светот на музиката со своето оргинално комбинирање на кантри-фолк (country-folk) мелодиите и искрениот пристап во пишувањето песните. Родум од Фармвил, Вирџинија, овој американски артист постигна извонреден успех за краток временски период.
Во август 2023 година, Оливер Ентони самостојно го издаде својот сингл „Rich Men North of Richmond“, кој брзо се издигна на врвот на престижната топ-листа Billboard Hot 100. Ова достигнување е уште поимпресивно, затоа што тој го постигна без претходно објавени песни на листите. Ова е јасен доказ за неговиот исклучителен талент и силата на неговата музика и силата на музиката воопшто.
Црпејќи инспирација од своите корени, Оливер го избра името на својот дедо, „Оливер Ентони” како свој уметнички псевдоним, оддавајќи и почит на ерата на Големата депресија. Своето музичко патување го започна во 2021 година, а од 2022 година настапува како „Oliver Anthony Music“.
На музичкот стил на Оливер имаат влијание легенди како Hank Williams (Хенк Вилијамс), а неговата раскажувачка умешност доведува до споредби со ликовите од книгата “Hillbilly Elegy“. Неговата избонредна песна “Doggonit” е пример во кој ги спојува контрастните теми за напредните човечки достигнувања како „протеини од инсекти“ и „самоуправувачки автомобили“ од една страна и неговото рурално растење од друга страна, создавајќи уметничко дело што предизвикува размислување и остава длабок впечаток кај слушателот.
Сепак, патот до успехот на Оливер Ентони е исполнет со предизвици. Пет години се соочувал со ментални проблеми и злоупотреба на алкохол. Во јули 2023 година си ветил дека ќе го промени својот живот, ако му се даде шанса да го оствари својот сон. За чудо, околу 30 дена подоцна, беше поканет од музичкиот канал „radiowv“ во Западна Вирџинија да сними песна за нивниот YouTube канал, а ова резултираше со хит-синглот „Богат човек северно од Ричмонд“ (изворно: Rich Men North of Richmond).
За да се поврзе со својата публика, Оливер Ентони одржа бесплатен концерт на пазарот за фармери во Барко, Северна Каролина, на 13 август 2023. Истиот месец, шест негови песни влегоа во топ 20 на iTunes, при што пет од нив обезбедија место во првите 10. Неговата музика јасно одекнува кај слушателите од сите сфери на животот.
Она што го издвојува Оливер Ентони од другите е неговата способност да разговара со обичните Американци (работничката класа), кои се често преоптоварени со работа и недоволно платени. Неговата приказна од продавач на алуминиум до вирална сензација е навистина извонредна. Неговото семејство гордо го опишува како „добра личност“, сведоштво за карактерот и вредностите кои блескаат преку неговата музика.
Брзиот успех на Оливер Ентони во музичката индустрија е доказ за моќта на упорноста и универзалната привлечност на автентичното раскажување. Со неговите волшебни мелодии и допадливи текстови, овој кантри-фолк пејач и кантавтор е несомнено уметник што треба да го следиме додека остава свој белег во светот на музиката.
За „Rich Man North Of Richmond“
„Rich Men North of Richmond“ е кантри-фолк сензација, која успеа да ги заведе срцата на многумина со својот текст за искушенијата на обичните луѓе и со својата автентичност. Нејзината голема популарност е очигледна поради зголемената продажба на песната и големиот број преслушувања на стриминг сервисите.
Триумфот на песната, покрај талентот на Ентони за музика, лежи во чистата поетска моќ на текстот – длабока симфонија која одекнува не само кај Американците, туку и кај луѓето ширум светот, носејќи ја тежината на непопустливиот „феудализам со мобилни телефони“ (читај, „екстремниот капитализам“ својствен за Соединетите Американски Држави). Таа е звучен манифест за разочараните, химната за оние кои се згмечени од немилосрдните запчаници на модерното и сурово капиталистичко оптество, светилник на надеж во светот зафатен од железната тупаница на немилосрдниот марш на суровиот капитализам.
Песната предизвика интересна дебата, бидејќи некои критичари тврдат дека започнува со благородни намери за решавање на класните прашања, но на крајот добива казнувачки тон. Меѓутоа, ако навистина е така, тоа само потврдува дека значителен дел од населението е незадоволно од својот општествен статус и економскиот систем. Според волуменот на реакциите кај слушателите што резонираат со оваа песна, укажува на тоа дека незадоволната група луѓе не е воопшто мала. Како што спомна Мет Волш (Matt Walsh) во неговото видео „This Is The Protest Song Of Our Generation“, ова е песна за заборавениот Американец. А според реакциите кои ги предизвика песната, изгледа дека бројот на заборавените Американци не е за потценување.
Големината на оваа песна е во тоа што таа звучи човечки, а не како да е произведена од некој алгоритам на вештачката интелигенција и под некаков калап/шаблон, како што денес звучат многу песни. Ако ја слушнете изведбата на Ентони на оваа песна снимена и објавена од „radiowv“, вие ќе почувствувате искреност, болка, разочарување и одредено ниво на лутина. Можеби не како онаа лутина што може да се препознае во гласот и очите на Zack de la Rocha (Зак де ла Роча) кога ја пее „Killing in the name of“, туку многу искрено и контролирано ниво на револт што би можело да ја подосвести работничката класа.
Во 1990-тите години, „Killing in the Name of“ од Rage Against The Machine се соочи со ограничено изведување на радио станиците во Соединетите Американски Држави поради експлицитните текстови и контроверзните теми. Сепак, таа беше значително емитирана во Европа, придонесувајќи значително за стекнување поголема меѓународна популарност на бендот. Од друга страна, протестната песна „Rich Man North of Richmond“ на Ентони која има драстично по смирувачки музички и изведувачки израз, во само неколку недели доби огромна слушаност (десетици милиони преслушувања) особено во САД и веќе предизвика големо внимание.
Песната на Ентони брзо стигна до милионски слушатели ширум светот, особено во САД каде што стана популарна за само неколку недели. Ќе биде интересно да се следи траекторијата на кариерата на Ентони и степенот на неговиот општествен ангажман во Америка во наредните месеци. Дополнително, во наредниот период ќе биде привлечно да се процени влијанието на песната и неговите следни песни врз глобалната публика со која резонира.