Мајли Сајрус ја претстави песната „Used To Be Young“

Американската поп пејачка Мајли Сајрус (Miley Cyrus) која се прослави во серијата на Дизни (Disney), Хана Монтана, има нов сингл. Како и серијата, одамна поминаа деновите кога Мајли пееше весели поп хитови. Новата Мајли е многу посериозна и со текстовите, но и музички. „Used To Be Young“ (превод: Порано беше млад(а)) е своевиден времеплов и преиспитување на сопствените мисли и чувства на Мајли од деновите кога беше Хана Монтана. Новиот сингл е прва песна која пејачката ја издаде по „Endless Summer Vacation“ во март 2023.

Иако оригинално не е дел од албумот Endless Summer Vacation, „Used To Be Young“ е бонус трака на дигиталното издание на албумот кој пејачката го издаде во март. Мајли е ко-автор и ко-продуцент на песната, на која соработува со Мајкл Полак и Грeгори Алдае Хајн. Практично тоа е истиот тим со кој соработуваше на „Flowers“.

Оваа песна е за да го почитуваме она што сме биле, да се сакаме какви што сме и да се радуваме на она што ќе станеме. Горда сум кога размислувам за моето минато и радосна кога размислувам за иднината. Благодарна сум им на моите верни фанови кои секојдневно ги прават моите соништа реалност. Искрено сум благодарна за вашата огромна поддршка. Оваа песна е за вас.
Ваша, Мајли

Песната ја инспирираше да продолжи да ја раскажува својатата приказна на дете актер и проблемите кои ги имала растејќи под „лупа“ на јавноста. „Used To Be Young“ сега е и серија во која споделува биографски приказни од деството. Видеа го делат името со песната и веќе се достапни дваесетина епизоди. Ако сакате да дознаете повеќе за детството на Мајли и за растењето со познатиот татко Били Реј Сајрус, можете да го посетите TikTok каналот на Мајли.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи