„Broken Hearted Me“ на Андријана Јаневска провнаградена на Zada Records

„Broken Hearted Me“ на Андријана Јаневска е добитник на првата награда за меѓународен пејач на Зада рекордс (Zada Records). Издавачката куќа се одлучи првото место во оваа категорија да го подели помеѓу три учесници Андријана Јаневска, Џеси Вагнер и Марсело Виера. Второто место го поделија Џон Ризен, Марчело Виера, Џеси Вагнер и Наталис Руберо. Изборот на наградените го направи жири во состав Литл Ентони (Little Anthony), Лери Ченс и Кит Рот.

Андријана учествуаше на натпреварувањето на покана на основачот на Zada – Норман Зада. „Broken Hearted Me“ е достапна на YouTube, но и на сите останати музички платформи.

Чест ми е да Ве известам дека го освоив првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД), на кој се избираше најдобар пејач/пејачка од цел свет во минатите неколку месеци. Ви благодарам на сите кои ме поддржувате!

вели Јаневска во објава на Facebook.

Андријана Јаневска е македонска пејачка, композитор, текстописец, виолинистка, пијанистка, аранжер и професор по музика. Дебитираше на Скопски Фестивал во 1998 година со Пеце Огненов. Во 2000-та на истиот фестивал ја отпеа „Твоето писмо моја Библија“. Заедно со Марјан Стојановски ја отпеаја „Љубов ти е адреса“, песна со која победија на Макфест 2000.

Zada Records е нова издавачка куќа во сопственост на продуцентот д-р Норман Зада. Издавачката куќа одржува натпревари, а следниот натпревар започнува веќе на 1 септември.

Андријана Јаневска
Facebook објава на Андријана Јаневска
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи