10 најголеми рок пејачи на сите времиња според Билборд

Во средината на јули 2023 реномираното списание Билборд (Billboard) објави листа со 50 најголеми рок пејачи на сите времиња. Листата е преполна со харизматични фронтмени кои во еден момент од нивниот живот го зграпчиле микрофонот и излегле на музичката сцена. Се разбира, ниту една листа не би била комплетна ако нема нешто што и недостасува. ?

Првото место на листата го зазема пејачот на Rolling Stones. За Мик Џегер не треба претставување. Џегер е присутен речиси од почетоците на рокенрол музиката, па до денес. Нема пејач кој е подолого присутен на сцената од 80-годишната легенда. Пејачката на Fleetwood Mac, Стиви Никс е на второто место на листата на Билборд. Покојниот вокалист на групата Queen, Фреди Меркјури е на третото место.

Следи листата со првите 10 најдобри рок пејачи на сите времиња според списанието Билборд (Billboard):

  1. Мик Џегер
  2. Стиви Никс
  3. Фреди Меркјури
  4. Роберт Плант
  5. Курт Кобејн
  6. Дејвид Брн
  7. Деби Хари
  8. Џорџ Клинтон
  9. Боно
  10. Ексл Роуз

Правењето список на легендарни рок ликови нема да ги остави љубителите на музиката рамнодушни, особено ако нивниот омилен пејач го нема на листата. Секако во изборот на ваквите листи има голема доза на субјективност, но сепак списанието заборави неколку пејачи кои се сериозни кандидати дури и за во листата за најдобри 10.

Претставници од списанието Билборд (Billboard), креаторите на листата од најдобри 50 рок пејачи
Претставници од списанието Билборд (Billboard), креаторите на листата од најдобри 50 рок пејачи

Во коментарите на друштвените мрежи најчесто споменувани се Џон Ленон, Дејвид Боуви, Стив Пери и Елвис.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи