„Летај без крилја“ е новата песна на Морад за филмот „Мојата осаменост има крилја“

Летај без крилја

Познатиот рапер од Шпанија ја објави својата нова песна „Volar sin alas“ (слободен превод: Летај без крилја). Новата песна на Морад (Morad) е дел од филмот „Mi soledad tiene alas“ (Мојата осаменост има крилја) што се очекува да биде објавен на 25 август 2023.

„Mi soledad tiene alas“ е филм што раскажува за група деца кои крадат накит се додека нешто не тргне наопаку и тие мора да се преселат во Мадрид.

„Летај без крилја“ е емотивна песна. Морад во песната пее за немирот во неговата глава, лошите моменти и неговата мајка.

Морад е шпански артист со потекло од Мароко кој е познат на младата публика низ Европа. Тој имал тешко детство. Неговиот татко го напуштил семејството уште кога Морад бил мал. Дел од неговото детство го поминал и во домот за деца без родители.

Неговите песни се класифицираат како афро, латино и рап музика. Тој има многу песни, соработки и албуми што имаат милионски прегледи. „Sigue“ е неговата најпозната песна што има повеќе од сто милиони преслушувања на популарните платформи за преслушување музика (streaming service).

Morad – фотографијата е преземена од Инстаграм профилот на Морад.
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи