„Дивац“ е втората песна од најавениот албум на Donplaya

дивац

Дивац“ е втората песна од најавениот албум „Евродон“ на Донплеја (Donplaya). Песната е соработка со Бон Праскиза (Bon Praskiza). Донплеја ја најавуваше оваа песна пред повеќе од пола година, но се чекаше правиот момент да биде објавена.

Првата песна од најавениот албум е „Ку ку куката“ која беше објавена пред помалку од една недела. Објавувањето на новиот албум „Евродон“ е најавено за 8 септември 2023.

Видеото на песната е компилација од игрите на кошаркарот Владе Дивац. Главната инспирација за оваа песна е тој. Српскиот кошаркар играл во NBA за Лејкерс, Сакраменто и Хорнетс.

Текстот на песната „Дивац“ е на Синката (Донплеја) и Бон Праскиза кои ги пеат и вокалите. Аудиомиксот го прави Синката, а мастерингот Nick Burchall.

Донплеја и Бон Праскиза имаат повеќе заеднички песни. Тие соработуваат заедно уште од нивните почетоци. Имаат повеќе од 10. заеднички песни. Некои од нив се „Камено ме сјача“, „6герет“ и „Де ниро“.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи