Тејлор Свифт ќе го реиздаде и „1989“

Тејлор Свифт (Taylor Swift) го искористи последниот концерт во САД од турнeјата „Eras“ за да го најави своето четврто реиздание. По „Fearless“, „Red“ и „Speak Now“, пејачката ќе го реиздаде и „1989“. Проектот под кој пејачката ги реиздава албумите е наречен едноставно Taylor’s Version. Претходните „Верзии на Тејлор“ од 2021 до денес имаат над една милијарда преслушувања.

Свифт започна да ги реиздава своите албуми во 2021 година. Причината за повторното објавување е купувањето на издавачката куќа Big Machine. Мастер снимките на изданијата се продадени на инвестициски фонд за триста милиони долари. Таа се обиде да најде решение и да ги врати назад оригиналните изданија, но откако напорите не вродија со плод одлучи да ги реиздаде албумите

Свифт ќе го реиздаде и „1989“. Тоа е нејзиниот петти албум што беше издаден на 27 октомври 2014 година. Со ова издание пејачката во целост се фокусираше на поп музиката. Албумот има големо влијание од поп музиката од 80-тите.

„1989“ дебитираше на првото место на Billboard и беше еден од најпродаваните во 2014 и 2015 година. Дури седум синглови беа издадени од албумот. Некои од песните се „Shake It Off“, „Blank Space“, „Bad Blood“, „Style“, и „Wildest Dreams“.

„1989“ (Taylor’s Version) излегува на 27 октомври 2023 и веќе е достапен во претпродажба.

Total
0
Shares
1 comments
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи