„International Drill“ – соработка на StarBoy и DushkovTwenty4

„International Drill“ е трап сингл што доаѓа како производ на соработката на македонскиот музичар StarBoy (Ванчо Пашалиски) и неговиот бугарски колега DushkovTwenty4.

Музичарите успешно одолеаа на политичкиот конфликт помеѓу Македонија и Бугарија и направија музичка соработка. За договарањето поврзано со соработката на требало многу време. Двајцата се запознале на интернет, а за снимање на заедничкиот сингл „International Drill“ се договориле брзо.

Првиот контакт бил по издавањето на албумот „Infinity“ на StarBoy. Уште тогаш Ванчо (StarBoy) имал план да сними албум со соработки со интернационални артисти. DushkovTwenty4 веднаш ја прифатил поканата за заедничка песна. Автори на текстот на песната се самите вокалисти StarBoy и DushkovTwenty4. Битот и музиката традиционално се на Taip on the beat, a аудиомиксот и мастерингот се на Iso Miki – Kukus. Реализацијата на видеото е на Mariyann Shrub (M.S.). Спотот е снимен во Софија, Бугарија.

Ако судиме по првите реакции од друштвените мрежи, на љубителите на македонската трап музика, но и на фановите на музиката на StarBoy, песната им се допаѓа.

Ванчо Пашалиски или StarBoy по потекло е од Велес, но повеќе години живее во Париз, Франција. Покрај StarBoy работи и под името Johny Star. Започна со музика на македонски и српски јазик, а сега се обидува да ја освои и интернационалната публика.

Јавноста го забележа Ванчо на крајот на 2020 година со проектот три траки – три видеа. На крајот на 2020 година, со почеток во ноември ги издаде  „Cash Game“, „Mad“ и „Motorsport“. Во 2021 го издаде албумот Infinity за својот издавачки бренд Royalty Records.

Покрај музиката сопственик е на брендот за гардероба „Royalty Paris“.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи