„Nixepole vibez“ на Donplaya и Johnny Larry

Donplaya - vibez

Битолчаните Donplaya и Johnny Larry ја објавија нивната нова песна „Nixepole vibez“. Песната со видео записот е објавена на Јутјуб каналот МВРСВР (MVRSVR). Автори на видео спотот се самите артисти.

Johnny Larry е ново имe на музичката сцена. Тој до сега има само едно проширено издание (EP) со наслов „Johnny Larry tape“.

За разлика од Johnny Larry, Donplaya е познат помеѓу помладата публика. Тој прави музика повеќе од девет години. Некои од неговите песни се „Саќе“, „Real Slavs“ и „Ногу кучки мусли јадат“.

Синката (Donplaya) сите свој песни ги прави сам. Тоа е случај и во оваа. Тој заедно со Johnny Larry ги пеат вокалите. Аудиомискот и мастерингот во песната „Nixepole vibez“ се исто така на Синката (Donplaya).

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи