Средношколците Фико и Муфи со нова песна „Ганга“

Фико и Муфи - Фанга

Ганга“ е името на новата песна на средношколците Фико и Муфи. За нив ова е прва заедничка соработка. Песната е објавена на Јутјуб каналот Горила ТВ (Gorilla TV) на 17 јули 2023.

Фико соработува со Марио Јелиќ (Кун) и Антонио Стојановски (Бонтони) како дел од Горила ТВ повеќе од 3 години. „Сентименти“, „Три“, „Солзи од диор“ се само дел од песните на Фико.

Марко Ангеловски (Муфи) до сега има три песни. Покрај Муфи, Марко го користи и уметничкото име Крк под кое има една песна.

Текстот на песната е напишан од Филип Андреев (Фико) и Марко Ангеловски (Муфи) кои ги пеат и вокалите. Двајцата се автори и на музиката во песната. Програмирањето (битот), аудиомиксот и мастерингот се на Филип Андреев (Фико).

„Ганга“ е достапна и на сите популарни платформи за преслушување (streaming) на музика вклучително и Спотифај (Spotify), Дизер (Deezer) и Еп’л мјузик (Apple Music).

Total
0
Shares
1 comments
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи