Претставена насловната песна за македонската серија BlackOps – „Can’t Kill a Dead Man Twice“ од David Mukka

Can’t Kill a Dead Man Twice

Љубителите на рок музиката овој викенд имаа можност да ја преслужаат „Can’t Kill a Dead Man Twice“. Промоцијата на видеото на песната беше на 7 ноември на YouTube.

Песната е во изведба на Давид Димовски (Mukka). Воедно, тој е и авторот на музиката и текстот. Аудио продукцијата, аранжманот и аудиомиксот се на Иван Петровски, кој ги отсвири и гитарите. Тонски снимател и ко-аудиомикс за „Can’t Kill a Dead Man Twice“ се на Бојан Филиповски.

Давид Мука (David Mukka) е основач на рок групата Project Orpheus. Со Project Orpheus е автор на албумот „Shaping the Static“, EP изданието „I Took You Home“ и синглот „Running“. Оттука започнува и неговата соработка со Иван Петровски. Првиот соло албум на Давид Мука „Monsters“ е достапен за преслушување на некои од популарните сервиси за преслушување музика како Deezer, Spotify и Apple Music.

„Can’t Kill a Dead Man Twice“ е насловната песна на пилот проект за реализација на играна серија со назив „BlackOps“. Станува збор за македонска серија во продукција на Artistic Film Production, во режија на Били Дурмишовски за која се надеваме дека ќе ја има својата премиера наскоро. Серијата го следи американскиот војник, Вилијам Конор кого животот го носи на Балканот. Како глумци на серијата ќе се појават и Давид (Мука) Димовски, Христијан Тасковски – Таско, Стефан Лазаров, Тамара Тодевска, Ана Стојановска и Игор Џамбазов.


Текстот е преземен од новинската агенција Мета.МК. Првата објава на овој текст е достапна овде.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи