Историја на македонската популарна музика

македонската популарна музика

Денеска во библиотеката на Регистарот додаваме уште една книга. Тоа е книгата „Историја на македонската популарна музика“ од Јулијана Жабева Папазова и Елени Новаковска

Книгата е организирана во заглавија што хронолошки ги третираат следниве историски периоди.

  1. Почеток на 20 век до крајот на втората Светска војна (и што е тоа што се случувало во контекстот на популарната музика на територијата на Македонија во тој период);
  2. Периодот за време на СФРЈ (1945 до 1991);
  3. Периодот од независноста на Македонија до денес (со оглед на тоа што изданието е од неодамна – читај едвај неколку недели – очекуваме ова денес да ја вклучува и барем првата половина од 2021);

Деталите од книгава ќе треба да ги дознаеш сам. А ние брзаме да го почнеме викендот со нова книгаи да дознаеменешто повеќе за македонската популарна музика.

Ако те фаќа и тебе мерак, книгата може да се набави во книжарата Или-Или во Скопје.
Добар викенд и нека музиката биде со тебе!

Текстот е превземен од ВБУ Музички регистар. Првата објава на овој текст е достапна овде.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи