„Сега или никогаш“ е новиот сингл на скопскиот поп-рок бенд Fiction

Сега или никогаш - Fiction

Скопскиот поп-рок бенд Fiction го претстави својот нов сингл „Сега или никогаш“. Песната имаше концертна промоција на 2 октомври 2021, во склоп на фестивалот Андерфест 3 (Underfest 3) во просторот „Јавна соба“. Покрај ова, еден ден подоцна, на 3 октомври песната доби и супер интересен видео запис.

„Сега или никогаш“ е одлична песна која лесно „влегува“ во уво. Песната по малку се разликува од она што досега сме го слушнале од бендот, но ова секако не е лошо. Впечаток е дека овој пат инспирацијата ја побарале во New Wave/Synth-Pop звукот. Ова не само што може да се забележи од звукот, туку и од видеото. Продуцент на видеото е Јован Саркањац.

Членови на Fiction се: Петар Ѓуревски, вокал; Виктор Захариев, гитара; Филип Андонов, бас гитара; и Теодор Теодосиевски, тапани и ударни инструменти. Иако членовите на Fiction се млади, веќе подолг период се музичари, дел од нив уште како деца.

Музиката и текстот на „Сега или никогаш“ се дело на гитаристот Виктор Захариев, тој беше задолжен и за аудиопродукцијата на синглот. Аудиомиксот и мастерингот на „Сега или никогаш“ се на Виктор Георгиевски.

Групата работи на повеќе песни, но засега нема план за комбинација на овие песни во албум. Наместо ова, одлучија песните да ги издаваат една по една, па на крај слушателите сами да добијат некоја поголема слика.


Текстот е преземен од новинската агенција Мета.МК. Првата објава на овој текст е достапна овде.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи