ДНК носталгични со новиот сингл „Сите патишта“

ДНК - „Сите патишта“

Новиот сингл на скопското дуо ДНК „Сите патишта“ е носталгично патување во минатото, кон локалните заедници, односно градските маала. Песната е објавена на 27 септември, а промоцијата помина на социјалните мрежи.

„Сите патишта“ е лесно певлива песна, по кои ДНК се препознатливи од своите почетоци. Песните на ДНК се авторски, а тоа е случај и со овој сингл. Текстот е на Владимир Блажев-Панчо, а на музиката работеа заедно со Лазар Цветкоски.

Поддршката во вокалниот дел и во оваа песна доаѓа од Андреј Ѓорѓиески кој има препознатлива интерпретација на песните. Цветкоски е автор и на аранжманот „Сите патишта“. Синглот е снимен во неговото музичко студио.

Видеото за песната е снимано во осум од десет скопски општини и на падините на Водно. Режисер на видеото за „Сите патишта“ е Владимир Митревски – Ѓуле.

„Песната е за сите оние кои во срцата си ги носат своите маала. Многу емотивна тема, иако создадена случајно и спонтано, од срце. Коментарите на повеќето се дека текстот допира, па искрено веруваме дека секој кој ќе ја чуе барем преку спомените ќе успееме да го вратиме во старото маало“, велат Панчо и Андреј.

ДНК постојат од 2001 и до сега имаат повеќе од дваесет музички изданија што вклучуваат и синглови и три студиски албуми.


Текстот е преземен од новинската агенција Мета.МК. Првата објава на овој текст е достапна овде.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи