Вера од Антиарт е нивниот нов сингл

„Вера“ од Антиарт

„Вера“ е новиот сингл на скопскиот бенд АнтиарТ. „Вера“ од АнтиарТ е фузија на различни стилови, а официјалната промоција на изданието беше на 12-ти септември.

„Направив некоја комбинација, да не речам фузија на венецуелскиот pajarillo и рок , со одоздола педал бас. Згора на сето тоа Леана Таќи напиша пеење и си отпеа“, вели Никола Бочваров кој е автор на музиката.

Бендот и досега беше препознатлив по спојување на различните музички жанрови и стилови во својата музика.

Автори на музиката за „Вера“ од Антиарт се Никола Бочваров – Ципко и Леана Таќи – Леа. Леа е автор и на текстот и вокал; Давид Матевски е задолжен за гитарите; клавијатурите го отсвири Гордан Спасовски; а Дино Милосављевиќ е на тапани. Никола Бочваров покрај тоа што е автор на музиката, учествува и како бас гитарист. Аранжманот на песната е на АнтиарТ.

АнтиарТ досега има еден албум „No Need To Fit a Mould“, а покрај „Вера“ имаат и уште еден сингл „Облаци“.

Изданијата на АнтиарТ може да прегледате и на веб-страницата на Музички регистар.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи