Андерфест (Underfest), алтернативен рок фестивали со македонски рокенрол лајнап кој внимателно е креиран по седми пат, ја објави програмата за своето седмо издание! Настанот ќе се одржи во петок на 7 ноември 2025 во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, а започнува во 19:00 часот.
Оваа година, публиката ќе има можност да ги чуе и види:
- Лост ин ревери (Lost in Reverie) – Инервју на Lost in Reverie пред настапот на фестивалот
Аудиоцигла(настапот е откажан поради здравствени причини на вокалистот)- ЛСД дуринг вор (LSD During War)
- Димиш (Dimish) – Интервју со Димиш во очи на фестивалот
- Занаду (Zanadu)
- Деменси (Demency)
- Големата вода – Интервју на Големата вода пред настап на фетивалот
- Новиот почеток (The Begginings)
Лајнапот на Андерфест 7 носи свеж звук, различни емоции и препознатлив сценски настап. Организаторите најавуваат уште повисоко ниво на продукција, динамична атмосфера и простор каде што ќе се слави вистинскиот дух на независната музичка сцена.
Цената на билетот чини 600 мкд, последниот ден и на врата билетот чини 700 мкд.
Билетите се пуштени во продажба преку drugastrana.mk.