Eclipses од Анета Џорџ

Eclipses од Анета Џорџ - кавер на албумот

Македонската пејачка со париска адреса, Анета Џорџ, низ својата музика ја раскажува приказната за загубата и исцелувањето, преку спој на џез, балканска и импровизирана музика. Нејзиниот длабоко личен петти албум, Eclipses (се чита: еклипси, превод: затемнувања), сниман во исто време со две големи небесни појави, излегува на 14 ноември 2025 година.

Поттикната од емоционалниот процес по загубата на нејзиното сакано куче, секоја композиција се претвори во моќен чин на звучна терапија — претворајќи ја болката во длабока музичка експресија.

Во еден извонредно оригинален пристап, инспирирана од разговор со Стив Колман, Анета ги усогласи сесиите за снимање со две големи небесни појави од 2024 година — целосна сончева и лунарна еклипса — со цел да ја фати нивната енергија во самата музика. Резултатот е патување низ осум композиции, секоја исполнета со своја емоционална и космичка димензија. Сесијата за време на сончевата еклипса донесе четири длабоко интроспективни композиции: „Вистина“, инспирирана од поема на македонски јазик, „Echoes“, нежна посвета на нејзиното куче, што одекнува со тивко сеќавање и надеж, „Prayer to the Sun“, интимен дијалог меѓу трансценденталниот вокал на Анета и бас-импровизациите на Нико Бауер, и „Denis Oro“, композиција која ги спојува традиционалниот ритам инспириран од македоснки ора и динамична џез имровизација.

Сесијата за време на лунарната еклипса ја проширува тематската визија на албумот со: „Wake Up“, енергична мешавина од арапско-балкански фанк духот на младиот творец, „Rollercoaster“, со која ја отсликува непредвидливоста на животот низ длабоки мелодии, „Не си го продавај Кољо чифлигот“, традиционална македонска песна и искрена посвета на нејзиниот чичко и „Dharma“, моќна фузија на драм-ен-бејс и балкански џез, симболизирајќи ја потрагата по смислата на животот.

Заедно, овие две сесии претставуваат кохерентен и длабоко личен наратив испреплетен со универзални теми — загуба, инспирација и поврзаност.
Низ уникатната призма на еклипсите и со своите долгорочни соработници —некои од нив исто така членови на бендот на Magic Malik — Анета создава трансформативно музичко искуство кое одекнува со човечка ранливост.

Eclipses не е само албум — тоа е подарок. Саундтрак за оние кои минуваат низ промени, кои бараат внатрешен мир, или кои копнеат по повторно поврзување со нешто подлабоко.

“Создавањето на овој албум имаше исцелувачки ефект врз мене. Се надевам дека слушателите ќе го почувствуваат истото.”

Анета Џорџ

Инспирирани од загубата, песните прераснуваат во вид на звучен ритуал — дел жал, дел исцелување, дел посвета.

Инструменталистите на албумот Eclipses

Анета Џорџ е вокалистка и авторка на музиката за албумот „Eclipses“. Инструменталисти се членовите на ансамблот Мелем:

  • Мартин Милцент (Martin Milcent) пиано
  • Денис Гиварч (Denis Guivarc’h) алт саксофон
  • Николас Бауер (Nicolas Bauer) бас
  • Хелиос Михаил (Hélios Mikhaïl) тапани

Листа на песни

  1. Dharma
  2. Vistina
  3. Molitva na Sonceto
  4. Denis Oro
  5. Echoes
  6. Wake Up
  7. Rollercoaster
  8. Ne Si Go Prodavaj Koljo Cifligot

За Анета Џорџ

Анета создаде свое, препознатливо место на сцената на џез и светската музика.
Нејзината работа беше опишана од All About Jazz како дело со „храброст и самоувереност во целосната оригиналност“.

Пофалена од All About Jazz за својата „храброст и самоувереност во оригиналниот пристап“, македонската пејачка и композиторка од Париз, Анета Џорџ, повеќе од една деценија настапува низ Европа — од источните сцени до фестивалите во Франција, каде што денес живее.

Зад себе има четири издадени албуми и настапи на големи фестивали, меѓу кои Belgrade Jazz Festival, Carousel Festival во Чачак, и World Spiritual Festival во Индија.
Нејзините соработници се членови на бендот на Magic Malik, а меѓу највлијателните уметнички средби ја издвојува и размената со Стив Колман.

Следете ја Анета Џорџ на нејзиниот вебсајт и социјалните медиуми. Нејзината дискографија е достапна на Спотифај (Spotify), Јутуб (YouTube) и Бендкемп (Bandcamp).

Total
0
Shares
Related Posts