Македонската Пиклбол репрезентација замина на европското првенство во Рим, Италија. Еден од репрезентативците е и фронтменот на бендот Нокаут, Пере. Последнава година во утринските часови тој често може да се забележи на тениските терени во Скопје, а во летниот период и во Охрид.
Пере на 25 април 2025 стана национален пикелбол амбасадор на македонската пикелбол асоцијација.
Европското првенство во Пиклбол 2025 се одржува во Рим, Италија во период од 19 до 21 септември 2025. Покрај Пере, репрезентативци во македонската пиклбол репрезентација се и Локвенец Веселинка, Тодоровска Илина, Леонтиќ Петар и Зоран, Стефановски Ален, Сотировски Кирил, Стевчевски Горан и Варошлија Боро.
Во поединечните натпреварувања македонската репрезентација во групата Д е заедно со Луксембург, Белгија, Словачка, Италија и Полска. Во комбинирани двојки нашата репрезентација е во групата Ц со Естонија, Чешка, Данска, Шведска и Германија. Во натпреварувањето за двојки репрезентацијата е во групата Д заедно со Велс, Полска, Чешка, Бугарија, Австрија и Полска.
Од соседните држави на овој шампионат се натпреваруваат Србија и Бугарија, а од поширокото опкружување свои репрезентации испратија и Хрватска, Романија и Турција.
Распоредот на натпреварите може да го видите на веб-сајтот на европската пиклбол федерација.
Пренос од некои натпревари може да следите преку официјалниот линк, поставен на Јутуб платформата.
Ние му посакуваме успех на Пере на ова европско првенство како и на целата македонска репрезентација.
Напред наши!
Што е Пиклбол (Pickleball)?
Пиклбол е спорт со рекет кој се игра со двајца (сингл) или четворица (двојки) играчи кои со рекети удраат перфорирана, шуплива пластична топка преку ниска мрежа висока 86 см. Играта се одвива на затворено или на отворено на терен со димензии приближно 13,4 м долг и 6 м широк. Во пиклболот има зона широка 2,1 м на двете страни од мрежата каде што топката мора да одскокне пред да се удри. Теренот и правилата го прават пиклболот динамичен и лесен за учење. Тој претставува своевидна комбинација од тенис, пинг-понг (тенис на маса) и бадминтон. Само оној што сервира може да постигне поени. Пиклбол е измислен во 1965 година во САД, на островот Бејнбриџ во државата Вашингтон и денес е многу популарен спорт за сите возрасти.
Пиклбол ја комбинира забавата и фитнесот, прилагоден е за почетници, со мали терени и поинаков ритам во однос на традиционалните рекетни спортови. Играта може да се игра и поединечно и во парови, со специфичен систем на бодување, каде што за двојки се користат три броеви за бодовите, а за сингл игри два.
Во Македонија сега се развива пиклбол како спорт, со учество на македонската репрезентација на Европското првенство.