„Together We Shine” – Официјалната химна на ЕМОФ Скопје 2025

„Together We Shine” (слободен превод; Заедно блескаме) е официјалната химна на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025, објавена на 10 јули 2025 година. Песната претставува музичка прослава на заедништвото, младешката сила и олимписките вредности кои ги симболизира овој престижен спортски настан.

Изведувачи на „Together We Shine“

Химната ја изведуваат четири познати македонски музички пејачи и пејачки:

Креативниот тим позади песната

  • Музика и продукција: Роберт Билбилов – композиција, аранжман, микс и мастер.
  • Текст: Заедничко дело на Димитар Атанасовски, Сара Мејс и Љупка Андоновска 
  • Видеопродукција: Стефан Стиди – режија и монтажа

Визуелна продукција

Видеоспотот за химната е снимен на повеќе локации во Скопје и Куманово, градовите-домаќини на фестивалот. Видеото се одликува со современа визуелна естетика, динамични кадри и присуство на млади спортисти, што го отсликува спортскиот дух и колективната мотивација. Во видеоспотот се појавува и официјалната маскота „Shiny” (се чита Шајни), која симболизира ведрина, младешка инспирација и единство.

Порака и значење

Химната носи силна порака за пријателство, почит, извонредност и европско единство. Како што истакнуваат организаторите, „Together We Shine” не е само песна, туку претставува енергија, визија и повик до цела Европа. Песната е создадена да инспирира и возбуди, со стихови што повикуваат на обединување преку спортот и славење на секој успех.

Контекст на фестивалот

ЕМОФ Скопје 2025 се одржа од 20 до 26 јули, со учество на над 4.000 млади спортисти од 49 европски делегации плус тимот на бегалците. Фестивалот вклучуваше натпревари во 15 спортски дисциплини во Скопје, Куманово и Осиек (Хрватска). Химната имаше централно место во свечената церемонија на отворање, која се одржа на 20 јули во Спортскиот центар „Јане Сандански”.

Официјалната химна е достапна на Јутуб (YouTube) каналот на Македонскиот олимписки комитет и на платформи како Шазам (Shazam), претставувајќи важен културен симбол на овој историски спортски настан за Македонија. Во третата недела по нејзиното објавување на Јутуб, музичкото видео брои над 100.000 прегледи.

Total
0
Shares
Слични написи