На 9 јули 2025, бендот ДУПЕР ја објави песната „Некажано“ која според својот стил е автентично продолжение на преходните изданија на ДУПЕР. По објавата на синглот „Со тебе не гледам саат (бејбе)“ минатото лето во јули, следува нова аудио-визуелна приказна од автентичниот македонски бенд, ДУПЕР.
Музиката, текстот и аранжманот се дело на Борис Какуринов и Илчо Нечовски, тандемот кој и овојпат испорачува звук што е истовремено модерен и интимен, со мелодии што носат ведрина и текст што се памти од прва.
Музичкото видео за песната „Некажано“, кое веќе е достапно на Јутуб (YouTube), го режираше Трифун Ситниковски – мајсторот на краткиот филм и носи визуелна игра што совршено го доловува духот на песната. И овој пат музичкото видео е со приказна за која гледачот љубопитно го очекува епилогот на оваа три минутна кратка визуелна креација и тоа каде главните протагонисти на оваа приказна ќе завршат со нивното црвено ретро возило. Не кажуавме каде ќе заврши возилото, ќе треба да го изгледате музичкото видео за да го дознаете тоа.
ДУПЕР остануваат верни на својата музичка естетика, преку која го градат својот автентичен стил позади бендод за кој немаме дилема дека ќе сериозно ќе се вгради во македонскиот музички идентитет. Со овој сингл, уште еднаш потсетуваат дека се бенд што не брка трендови, не користи популарни индустриски патерни, банки на звуци и лупови што се стерилно добри и досадни од прекумерно користење, туку создава нови звучни бранови пријатни за слушање.
А сега доста е раскажување за песната. Музиката е да се чита, коментира и толкува, но пред се да се слуша. Со добро музичко видео, искуството се трансформира во аудио-визуелно. Па стекнисе со оваа нова позитивна сензација со кликнување на копчето плеј (play).
Следете ги ДУПЕР на Јутуб, Фејсбук, Инстаграм и Спотифај (Spotify)