Групата Педро Хоризонте вчера, Сабота 17 мај 2025 ја одржа промоцијата на својот деби албум „Паранормални Мегахитови“ во културно-едукативниот центар Лабораториум во Скопје. Настанот започна во 13 часот и привлече љубители на музиката и поддржувачи на бендот, кои имаа можност да уживаат во слушачка и свирачка промоција на новите песни.
Албумот „Паранормални Мегахитови“ содржи 11 композиции, а на промоцијата бендот ја изведе и песната „Мегахит“, објавена на 1 мај 2025, која воедно е и водечки сингл што го најави изданието. Педро Хоризонте е бенд составен од искусни музичари: Петар Младеновски, Гога Поп Георгиевски и Владимир Митревски – Ѓуле, кои се активни на македонската музичка сцена веќе неколку децении.
Албумот е снимен, продуциран и миксан од Дени Крстев во студио 1060. Албумот беше достапно за посетителите уште на самиот ден на промоцијата во ЦД и USB-стик формат.
Бендот повремено објавува информации за нивните активности на профилот на Педро Хоризонте на Фејсбук. Заследете го нивниот профил за да се информирате за бендот. Дел од песните може да се преслушаат на YouTube Каналот на бендот и Спотифај.