Талентираната хрватска кантавторка Миа Димшиќ освои многу срца кога ја претставуваше Хрватска на Евровизија 2022. Таа настапи со нејзината песна „Guilty Pleasure“. Со длабоко лични текстови и искрени мелодии, Миа продолжи да расте како уметник. Таа го објави својот интроспективен албум „Монолог“ (Monologue) и реализира значајните изведби за нејзината публика.
Подолу во интервјуто, Миа го споделува нејзинито искуство и размислување за нејзиното учество на Евровизија во 2022 година, инспирацијата за нејзините песни и креативниот процес на создавањето на нејзината музика. Таа, исто така, сподели информации за нејзините последни проекти, како што е новообјавениот албум „Društvena Pravila“ (Друштвени правила). Миа ги сподели со нас возбудливите планови за иднината за љубопитните обожаватели.
Евровизија 2022 беше огромен момент за вас! Кој беше најрелевантниот предизвик за претставување на Хрватска на толку голема сцена и како се подготвивте?
Претставувањето на Хрватска на Евровизија дефинитивно беше врв во мојата кариера и голема чест! Се подготвував за тоа на секакви начини и морам да признаам, дефинитивно не бев свесна колку работа е потребно пред да победам на фестивалот Дора – изборот на хрватски песни за претставник на Евровизија. Го вежбав мојот вокал и кореографија, патував низ Европа за да ја промовирам мојата песна, направив многу интервјуа, поткасти… тоа беше многу интензивен период, но не би го имала на друг начин. Најголем предизвик беше да се организира сè за многу кратко време. Ако денот траеше 80 часа, веројатно сè уште немаше да биде доволно.
Вашата песна „Guilty Pleasure“ ја сакаа многу евровизиски фанови. Можете ли да кажете малку за инспирацијата зад оваа песна и што таа ви значеше на лично ниво?
Инспирацијата беше повторувачки сон за некој за кој чувствував дека не треба да сонувам, исто како што се вели во почетната линија на песната. Тоа е прилично буквален и искрен опис на некои од моите најголеми желби, но попатно ме натера да размислувам за големите романтични прашања поради кои отсекогаш сум се чувствувала збунета. Концептот на моногамија е нешто што е длабоко вкоренето во човечкото општество, а сепак нешто што кон кое се чини дека на сите нас ние тешко да се придржуваме. Тоа е прашање на кое што се чини дека нема директен одговор, а можеби и никогаш нема да го има. Тоа е бескрајно фасцинантно за мене.
Гледајќи наназад, што е тоа што ви остана во трајно сеќавање од вашето евровизиско искуство и дали има нешто што би им препорачале на идните уметници кои ќе се најдат во ситуација да ја претставуваат нивната земја на овој настан?
Дефинитивно би им препорачала да одат на што повеќе евровизиски настани и предзабави, бидејќи таму се среќавате со повеќето уметници и делегации и каде се развијат пријателства и контакти. На пример, местото каде што настапивме во Амстердам беше каде многу од моите херои, вклучително и Џон Мајер (John Mayer) и Ед Ширан (Ed Sheeran), настапуваа во нивните почетоци за кое и немав некакво посебно мислење. Дојдов таму за прв пат и видов толпа луѓе што ја пееа мојата песна со мене. Тоа беше лудо!
Последниве неколку дена мојот Спотифај (Spotify) е „заглавен“ на вашиот албум „Монолог“ (изворно: Monologue), кој континуирано го преслушува. Вашиот албум е многу личен. Каде ја црпевте инспирацијата да одите во тој интроспективен правец со овој албум и како тој се разликува од другите дела?
Ви благодариме, тоа ми значи многу! Чувствувам дека пишувањето на англиски само по себе е она што направи огромна разлика во начинот на кој се изразував и тоа автоматски го направи албумот различен од останатите. Англискиот е пофлексибилен како јазик и можете да кажете повеќе работи во иста количина на слогови, така што пишувањето на овие песни беше забавно и разиграно дури и кога темите беа малку темни. Навистина е убаво да се слушне некој како вели дека песните ги доживува лично затоа што за мене тоа е целата поента. Привилегија е да можете да ги ставите вашите животни приказни во музика преку која можеби некои луѓе ќе се поврзат со неа на свој начин.
Со која песна се чувствувате најповрзани на албумот „Монолог“ и зошто? Можеби би можеле да споделите со читателот на ова интервју малку за некои од инспирациите зад ова ваше чувство?
“As I watched you sleep” (слободен превод: Како што те гледав како спиеш) е една од моите омилени, бидејќи мислам дека нема многу поинтензивни моменти во врската од моментот кога го гледаш за прв пат како спие. Тоа беше сеќавање од моментот кога навистина се запрашав, можеби за прв пат, дали можеби има повеќе во животот од функционирање во животот самостојно и мојот прв поглед во убавината на животот со некој друг покрај тебе.
Кога пишувате музика, има ли едно лично специфично искуство или чувства кои ве следат кога се во прашање вашите песни?
Сакам да пишувам за секакви искуства. Дури и не мора да се работи за големи чувства или настани. Ако чувствувате силно чувство за копчето на вашата јакна, песната за копчето на вашата јакна без сомнение може да ги допре луѓето. Животот сам по себе е толку инспиративен што секоја средба, личност или работа може да го вклучи креативниот нагон.
Пред неполни две недели (септември 2024 година), вашите песни, кои континуирано се објавуваа во последните неколку години и на кои беа додадени „Нова Година“ (Nova godina), „Ајмо у џир“ (Ajmo u đir), „Ти и Ја“ (Ti i ja) и акустична верзија на „Сунце моје“ (Sunce moje) беа спакувани во албумот „Друштвена правила“ (Društvena pravila) (превод: Општествени правила). Кое е општественото правило кое, доколку ја имате моќта, би го промениле утре?
Би направила правило против да се прашуваат другите луѓе кога ќе се смират, ќе се омажат, ќе имаат дете итн. Не ми се допаѓа идејата дека секој живот мора да следи одредена шема за да се смета за исполнет и здрав. Има онолку животни шеми колку што има луѓето на овој свет и сè што сакате да правите, доколку тоа не ги повредува другите луѓе, треба да го правите.
Сигурен сум дека луѓето чекаат да ве видат во живо на сцената на музичката конференција SoAlive 2024 во Софија! Што може да очекуваат вашите обожаватели од вашето шоу во Сити стејџ клубот (City Stage Club) на 3 октомври, од 22:45 до 23:30 (по локално време)?
И јас едвај чекам да настапам на конференцијата. Јас и мојот бенд сме многу возбудени! Ќе изведеме мини сет комбиниран од моите авторски песни и неколку наши омилени кавери. Оригиналите ќе бидат претежно од албумот „Монолог“ (Monologue).
И за крај, но се разбира и не најмалку важно: кои се следните чекори? Можеби некои нови проекти или нешто возбудливо поради кое вашите обожаватели треба да бидат на штрек?
Работев на еден навистина кул проект кој сè уште не можам да го најавам, но наскоро ќе објавам информации. Покрај тоа, ќе имам настапи во живо во регионот и ќе го промовирам новиот албум до крајот на годината. Исто така, се надевам дека ќе најдам време повторно да почнам редовно да пишувам нови песни затоа што во план е и нов албум на англиски јазик. 🙂